недела, 25 јуни 2017 | Вести денес: 67 ново

За аферата „Агрокор“ во Хрватска виновин бил- Путин!

Поранешниот хрватски премиер, Фрањо Грегуриќ, економски лобист, кого шро неодамна партијата „Мост“ го посочија дека заедно со Владимир Шекс ги контролира Андреј Пленковиќ и неговата влада, сега вели дека зад аферата „Агрокор“ стои руското влијание.

-Сбербанк и ВТБ се банки кои во голема мера се на руската држава и се што се официјално се говори од таму, не доаѓа без одобрување од државниот врв на Русија, дури и од Путин, кога се работи за нов реон. Премиерот Пленковиќ напраи исчекор, конечно по две ипол години прати амбасадор во Москва. Рускиот амбасадор во Хрватска и претходно имаше неприкладни настапи- вели Грегуриќ.

Ни забележа што не користиме повеќе руско оружје, што е точно дека помалку го користиме денеска, но откако сме дел од НАТО мора да се држиме до други правила, додава тој. Прашан дали Пленковиќ ја „испровоцирал“ Русија со посетата и говорот во Украина, поранешниот премиер со коментар „не погреши што замина таму, но не требаше да збори за Крим, тогаш веќе беше премиер“.

Top