четврток, 19 април 2018 | Вести денес: 87 ново

Нападнато лице на паркинг на булеварот „Јане Сандански“

policija

М.Д. (36) од Скопје е тешко повреден вчера откако, додека стоел и разговарал со своите другари на паркинг на булеварот „Јане Сандански“, бил нападнат со нож од засега непознато лице. Како што соопшти МВР, разбојникот се приближил кон М.Д. со трчање и од се уште непознати причини го повредил во пределот на бутот на двете нозе, нанесувајќи му длабоки убодни рани.

Случајот го пријавил М.Н., другар на М.Д. На повредениот кој бил пренесен во скопскиот урегнтен центар, му е констатирана пресечена артерија и пукнатина на бутната коска. СВР Скопје презема мерки за целосно расчистување на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top