среда, 13 декември 2017 | Вести денес: 108 ново

Емануел Макрон официјалнo претседател на Франција

макрон

Дваjцата претседатели, досегашниот Франсоа Оланд и новиот Емануел Макрон го извршија примопредавњето на функциите во Елисејската палата, јавува дописникот на МИА од Париз. Приморедавањето на функциите траеше подолго од предвиденото според протоколот. Оланд требаше да ја напушти Елисејската палата во 10 часот и триесет минути, но тоа се случи повеќе од половина час подоцна. Очигледно двата претседатели кои се познаваат добро имаа што да се кажат, имено Емануел Макрон од 2012 година до 2014 беше советник на Оланд во Елисејската палата, а потоа и негов министер за екомонија, пред да поднесе оставка и да се впушти во трка за претседател.

Оланд ја напушти Елисејската палата испратен со аплауз од Емануел Макрон и персоналот. Емануле Макрон е најмладиот француски претседател во историјата на републиката, со само 39 години. Веднаш потоа во придружба на неговата сопруга Брижит, официјално беше прогласен за претседател на Републиката. Свеченостите во Париз продолжуваа

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top