четврток, 19 октомври 2017 | Вести денес: 126 ново

Миркуловски продолжува да реди победи во Бундес лигата

mirkulovski

Екипата на Вецлар, во чии редови настапува и нашиот Филип Миркуловски, продолжи со одличните настапи во Бундес лигата, совладувајќи го Гепинген со убедливи 29-19.

Ова беше петта победа во низа за Вецлар, со што овој тим ги задржа шансите за место во ЕХФ купот во следната натпреварувачка сезона. Миркуловски беше стрелец на два гола од вкупно три обиди, а најдобар стрелец кај победничкиот тим беше Вебер со девет постигнати гола.

Вецлар ќе се обиде да ја продолжи серијата победи во следното коло, кога Миркуловски ќе му гостува на Ацо Јоновски во пресметката против Бергишер.

Top