среда, 24 мај 2017 | Вести денес: 0 ново

Петгодишно девојче добило тешки изгореници во пожар

Петгодишно девојче добило тешки изгореници во пожар кој ја зафатил куќата на семејство во селото Врбјане, општина Маврово-Ростуше.

Според информациите на СВР Тетово, пожарот избувнал попладнево околу 16 часот во куќата на А.И. (34). Огнот опожарил дел од куќата, а неговото ширење го спречила интервенцијата на дебарската противпожана единица. Во пожарот било повредна ќерката на сопственикот, која со изгореници по рацете, нозете и телото е згрижена во гостиварската болница, а од таму испратена како тежок случај на Клиниката за пластична хирургија. Во бесознание бил пренесен и сопственикот на куќата, кој најверојатно при пожарот вдишал од чадот и се онесевестил.

Во текот на денот ќе бидат преземени мерки за утврдување на причините кои довеле до пожарот. 

Top