понеделник, 18 декември 2017 | Вести денес: 110 ново

Двојните аршини на ЕУ: Joханес Хан ќе ги признае изборите во Албанија и без опозиција

Додека минатата година еврокомесарот излезот од македонската политичка криза го гледаше само во консензусот на сите политички партии и не признаваше избори без опозиција, на опозицијата во Албанија ~ порача дека изборите ќе бидат признаени и без неаДодека минатата година еврокомесарот излезот од македонската политичка криза го гледаше само во консензусот на сите политички партии и не признаваше избори без опозиција, на опозицијата во Албанија ~ порача дека изборите ќе бидат признаени и без неа

Во Албанија парламентарните избори може да се одржат без опозиција, во Македонија мораше да има консензус на четирите најголеми политички партии поради што двапати беа одложувани само за да ја задоволат опозицијата!?, пишува „Дневник“.

„Претпочитам консензуално решение од сите партии за датумот на изборите“, изјави во јануари минатата година бриселскиот еврокомесар за проширување, Јоханес Хан, кој и вчера се огласи за изборите во Албанија порачувајќи дека изборите ќе се одржат и без опозицијата.

Вакво контрадикторно однесување, значи, покажаа ЕУ и нејзиниот еврокомесар за проширување, Јоханес Хан поврзано за актуелните политички кризи кои се случуваат во Албанија и Македонија и во кои главен проблем е условувањето на најголемите опозициски партии да излезат на предвремените парламентарни избори. Така, додека во македонскиот случај цело време се инсистираше да се постигне согласност на сите релевантни политички партии, дури и во ситуација кога опозицијата ултимативно бараше исполнување на своите барања, еврокомесарот Хан вчера ~ прати категорична порака на албанската опозиција дека закажаните јунски избори ќе се одржат со или без нив!

– Денеска, ние сме во ситуација каде што изборниот процес за општите избори на 18 јуни е поставен и изборите ќе се одржат без учество на главните опозициски партии. Ова е намерен избор од страна на сегашната опозиција да не се кандидира за изборите што јас треба тоа да го почитувам, но во исто време длабоко жалам за оваа одлука од демократска гледна точка. Албанците бараат и заслужуваат избори што обезбедуваат широка политичка понуда и почитување на изборните стандарди. Сепак, демократскиот процес мора да продолжи, дури и ако некој се одлучи да остане надвор – наведува Хан во соопштението кое на свој начин имаше карактер на обраќање до албанските граѓани.

Целиот текст прочитајте го на „Дневник“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top