сабота, 27 мај 2017 | Вести денес: 55 ново

Дали сте на листата? Германија има потреба од милион работници

Дури 1.064.000 слобонди работни места се нудат на германскиот пазар на труд во првите три месеци од годинава. Ова е рекордна бројка регистрирани слободни работни места во оваа земја и за 9.000 повеќе отколку последниот ваков рекорд забележан во последниот квартал од 2016 година.

Анализата на пазарот на трудот од страна на германскиот Институт за истражување на вработеноста покажува дека околу 77 отсто од сите отворени работни места се наоѓаат во западна Германија. За околу две третини (64 отсто) од овие работни места од потенцијалниот вработен се бара да има завршено некој занает, додека 16 отсто бараат високообразовни работници.

Од преостанатите 20 отсто од работниците не се очекува никакво посебно образование.

– Моментално малите и средните претпријатијата пред сè бараат работници занаетчии – вели Александер Кубис од институтот.

Германските медиуми пишуваат дека новообјавените податоци ќе влијаат како „ветер во грбот“ за оние што одлучиле да градат нов живот и да си ја побараат среќата во Германија.

Најбарани професии се:

информаричари, математичари, електроничари, металурзи, електричари, ортопеди и негуватели.

Top