понеделник, 23 октомври 2017 | Вести денес: 19 ново

Шопинг во Грција? Еве како да направите поврат на ДДВ

Грчките власти од октомври ја намалија границата за враќање данок на додадена вредност (ДДВ) на купени производи, бела техника и облека во Грција за странски државјани. Досега за да ви биде вратен ДДВ, беше неопходно сумата на една сметка да ви биде 120 евра, а сега сумата е намалена на 50 евра.

Па, така, за сметки од 50 до 70 евра ќе ви бидат вратени 6 евра, за сметка од 70 до 120 евра ќе ви бидат вратени 12 евра…

За да му биде вратен ДДВ, купувачот треба да направи промет поголем од 50 евра во една продавница. Покрај сметката, од продавачот треба да побара да му биде даден и формулар, кој го пополнува сам.

Во Грција овие формулари  ги имаат поголемите продавници и продавниците во кои се продаваат познати брендови.

Кога ќе ја напуштите Грција или друга земја на Европската унија, потребно е да ги покажете купената стока, формуларот и да побарате печат од цариникот.

Парите од ДДВ може да си ги повратите веднаш на шалтер на граница (тоа може да ви одземе време) или да ги побарате во канцеларијата во Скопје, сместена во Градски трговски центар. Парите може да ги побарате во рок од три месеци.

Top