среда, 18 октомври 2017 | Вести денес: 44 ново

Гордон Ремзи го навреди бурекот, Балканците лути (Фото)

Љубителите на бурекот му се лути на популарниот готвач Gordon Ramsay, кој е познат и по брутално искрените коментари за храната кои неговиот тим ги дели на социјалните мрежи. Овојпат на ред дошло и најомиленото јадење на Балканците.

-Еј, Гордон, што мислиш за мојот бурек со сирење?, му напишало едно момче. Од добиениот одговор, на готвачот би му било подобро едно време да го избегнува Балканот.

burek

-Изгледа како гигантско гомно, напишал кратко Ramsay и собрал повеќе од седум илјади лајкови и скоро три илјади ретвитови.

Секако, бидејќи станува збор за омилен производ расправата понатаму се развила во насока, дали е тоа пита, бурек или нешто друго. Но, ни куварот не беше поштеден од хејтерските коментари:

-Ајде, ќути поима немаш, Баш сега го изгубив респектот кон тебе. Што ти е на тебе човеку?!, го прашуваа фановите на бурекот.

Top