среда, 16 август 2017 | Вести денес: 77 ново

Јапонски остров забранет за жени

Окиношима, свето место, во кое се наоѓа храмот Мунаката Таиша Окицуми е посветен на божицата на морето, а сега би требало да биде вклучен на листата на светско културно наследство на УНЕСКО

Доколку предлогот на Советодавниот одбор помине, тоа ќе биде 17-то културно наследство на Јапонија кое го добило овој статус.

Се очекува Комитетот да се состане во јули, но без оглед на нивната одлука, на жените во скоро време нема да им биде дозволен пристапот.

– Ќе продолжиме строго да ги контролираме посетите на островот, рече еден од претставниците на туристичката заедница.

Top