среда, 24 мај 2017 | Вести денес: 0 ново

Јовановски: Риголето ми е неостварена улога

На га­ла-кон­цер­тот по по­вод 70 го­ди­ни од по­сто­е­ње­то на Ма­ке­дон­ска­та опе­ра беа из­ве­де­ни арии, ду­е­ти, тер­це­ти, квар­те­ти, ор­ке­стар­ски и хор­ски ну­ме­ри од свет­ски авто­ри, а јас ја ис­пол­нив ари­ја­та на „Ри­го­ле­то“ и квар­тет од „Ри­го­ле­то“ на Џу­зе­пе Вер­ди

Ма­ке­дон­ска­та опе­ра и ба­лет по по­вод 70-го­диш­ни­на­та од Ма­ке­дон­ска­та опе­ра одр­жа га­ла-кон­церт на кој учес­тву­ваа си­те пр­вен­ци, со­ли­сти и ор­ке­ста­рот и хо­рот на МОБ.

Пр­ва­та про­фе­си­о­нал­на опер­ска прет­ста­ва из­ве­де­на во Ма­ке­до­ни­ја е „Ка­ва­ле­ри­ја ру­сти­ка­на“ на 9 мај 1947 го­ди­на. Во под­го­то­вки­те и из­вед­ба­та учес­тву­ва­ле То­дор Ска­лов­ски ка­ко ди­ри­гент и Бран­ко По­мо­ри­шац ка­ко ре­жи­сер. Хо­ро­ви­те ги под­го­тви­ле Пе­тре Бог­да­нов – Коч­ко, То­дор Ска­лов­ски и Сте­фан Гај­дов.

Под ди­ри­гент­ска­та пал­ка на Би­се­ра Чад­лов­ска и на Иван Еми­но­виќ, а во ре­жи­ја на Де­јан Про­шев, на­ста­пи­ја: Ана Дур­лов­ски, Бо­рис Тра­ја­нов, Игор Дур­лов­ски, Сла­ви­ца Га­лиќ – Пе­тров­ска, Вес­на Ѓи­нов­ска – Ил­ко­ва, Ѓор­ги Цуц­ков­ски, Мар­јан Јо­ва­но­ски, Ри­сте Вел­ков, Вла­ди­мир Саз­дов­ски, Сан­дра Ми­тров­ска, Ива­на Здра­вко­ва, Ире­на Кр­сте­ска, Дар­ко Не­шов­ски, Зла­та То­шев­ска, Ни­ко­ли­на Ја­нев­ска и Ни­ко­ла Стој­чев­ски, ка­ко и хо­рот и ор­ке­ста­рот на МОБ.

На кон­цер­тот беа из­ве­де­ни арии, ду­е­ти, тер­це­ти, квар­те­ти, ор­ке­стар­ски и хор­ски ну­ме­ри од свет­ски авто­ри.

Дел од со­ли­сти­те бе­ше и ре­но­ми­ра­ни­от ма­ке­дон­ски ба­ри­тон Мар­јан Јо­ва­но­ски. Ка­ко еден од во­деч­ки­те со­ли­сти на Ма­ке­дон­ска­та опе­ра и ба­лет, тој раз­ви­ва бо­га­та опер­ска ка­ри­е­ра на­ста­пу­вај­ќи во САД, Гер­ма­ни­ја, Ав­стри­ја, Бу­га­ри­ја, Хр­ват­ска и во дру­ги зем­ји. Пуб­ли­ка­та го па­ме­ти не­го­ви­от из­во­нре­ден на­стап во лет­ни­от те­а­тар „Кри­жан­ке“ во Љуб­ља­на, во уло­га­та на прин­цот Елец­киј, во опе­ра­та „Пи­ко­ва да­ма“ од Пе­тар Илич Чај­ков­ски, ка­де што на­ста­пи за­ед­но со опер­ска­та ле­ген­да ме­цо­со­пра­нот Еле­на Обрас­цо­ва.

Од­лич­ни­от во­кал и умет­нич­ки­от та­лент на Јо­ва­нов­ски му до­не­ле мно­гу­број­ни на­гра­ди и приз­на­ни­ја во зем­ја­ва и во странс­тво. Со не­го раз­го­ва­рав­ме за не­го­во­то пос­лед­но го­сту­ва­ње во Ка­зах­стан, опе­ра­та, љу­бо­вта кон му­зи­ка­та…

Marjan-Jovanovski-kult245-3

Не­о­дам­на го­сту­ва­вте во опе­ра­та на Аста­на во Ка­зах­стан ка­де што на­ста­пи­вте во уло­га­та на Скар­пи­ја во опе­ра­та „То­ска“ од Џа­ко­мо Пу­чи­ни, во ори­ги­нал­на­та про­дук­ци­ја на ми­лан­ска „Ска­ла“, под ди­ри­гент­ско водс­тво на ита­ли­јан­ски­от ма­е­стро Џу­зе­пе Аква­ви­ва, а со ре­но­ми­ра­на­та опер­ска пе­ви­ца Жу­пар Габ­ду­ли­на во нас­лов­на­та уло­га. Ка­же­те ни не­што по­ве­ќе за ова искус­тво…

Јо­ва­но­ски: Точ­но та­ка, на 6 април на­ста­пив во глав­ни­от град на Ка­зах­стан, Аста­на, ка­де што ја играв уло­га­та на Скар­пи­ја во опе­ра­та „То­ска“ од Џа­ко­мо Пу­чи­ни. Мо­рам да приз­на­ам де­ка за ме­не ова бе­ше го­лем пре­диз­вик и го­ле­мо искус­тво би­деј­ќи за прв­пат на­ста­пу­вам во еден ва­ков те­а­тар и во­оп­што во таа др­жа­ва. Ова го ка­жу­вам од про­ста при­чи­на што, на­ви­сти­на, лу­ѓе­то та­му ра­бо­тат на ед­но мно­гу ви­со­ко про­фе­си­о­нал­но ни­во. Оваа прет­ста­ва, на­ви­сти­на, изг­ле­да­ше гран­ди­оз­но за­тоа што це­ла­та сце­на бе­ше на­пра­ве­на од ма­сив­но др­во, сли­ки­те што беа на сце­на беа рач­но сли­ка­ни, бу­квал­но до де­таљ, нај­мал де­таљ се бе­ше ос­мис­ле­но. Сце­но­гра­фи­ја­та и ко­сти­мо­гра­фи­ја­та бе­ше про­дук­ци­ја на ми­лан­ска­та „Ска­ла“, а ре­жи­сер на оваа прет­ста­ва бе­ше нај­до­бри­от ре­жи­сер на си­те вре­ми­ња, ма­е­стро Фран­ко Дзи­фе­ре­ли. Ин­те­ре­сен е и фа­ктот што Аста­на е град што е соз­да­ден пред осум­на­е­сет го­ди­ни, а Опе­ра­та е из­гра­де­на пред три го­ди­ни и е ед­но огром­но зда­ние со го­ле­мо и пре­у­ба­во гле­да­ли­ште.

 

Ка­ко те­чеа под­го­то­вки­те за прет­ста­ва­та, про­би­те, ка­ква бе­ше со­ра­бо­тка­та со ко­ле­ги­те во Аста­на?

Јо­ва­но­ски: Про­би­те беа мно­гу ин­тен­зив­ни, бу­квал­но од са­мо­то сле­ту­ва­ње на ави­о­нот јас бев на про­ба, по што сле­ду­ваа по две ин­тен­зив­ни про­би се­кој ден, сè до де­нот на прет­ста­ва­та. Ко­ле­ги­те и це­ли­от aнсамбл беа од­лич­ни, бев мно­гу до­бро при­фа­тен од нив та­ка што сум вос­хи­тен од нив­на­та кул­ту­ра и про­фе­си­о­на­ли­зам. Прет­ста­ва­та по­ми­на од­лич­но, имав чест да пе­ам со та­мош­ни­те со­ли­сти и нив­на­та нај­до­бра пе­ви­ца, Жу­пар Габ­ду­ли­на, ко­ја ја тол­ку­ва­ше нас­лов­на­та уло­га. Пуб­ли­ка­та нѐ ис­пра­ти го го­ле­ми ова­ции и тоа за ме­не бе­ше по­себ­но до­жи­ву­ва­ње би­деј­ќи јас ни­ко­гаш до­се­га не сум имал та­ков ап­ла­уз ка­ков што до­бив та­му. На прет­ста­ва­та при­сус­тву­ва­ше aмба­са­до­рот на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја во Ка­зах­стан, Или­ја Псал­ти­ров со сво­ја­та со­пру­га, но и ам­ба­са­до­ри­те на Гр­ци­ја, Тур­ци­ја, ка­ко и ми­ни­стри во Вла­да­та на Ка­зах­стан….

Сме­там де­ка со овој мој на­стап во опе­ра­та во Астанa ја прет­ста­вив Ма­ке­до­ни­ја во нај­до­бро свет­ло, а, се раз­би­ра, и ку­ќа­та во ко­ја ра­бо­там, Ма­ке­дон­ска опе­ра и ба­лет. Се на­де­вам де­ка ова не­ма да би­де прв и пос­ле­ден мој на­стап во оваа опер­ска ку­ќа и се на­де­вам на на­та­мош­на со­ра­бо­тка и на за­ед­нич­ки про­е­кти ме­ѓу МОБ и опе­ра­та на Аста­на.

Marjan-Jovanovski-kult245-2

По вра­ќа­ње­то, по­втор­но го­сту­ва­ње, овој пат во Бу­га­ри­ја, а на­ста­пи­вте на опер­ски­от га­ла-кон­церт на МОБ. Со што ќе се прет­ста­ви­те и зо­што ги из­бра­вте ток­му овие де­ла?

Јо­ва­но­ски: По вра­ќа­ње­то од Аста­на дру­ги­от ден за­ми­нав во Бур­гас ка­де што на 11 април на­ста­пив во уло­га­та на Жорж Жер­мон во опе­ра­та „Тра­ви­ја­та“ од Џу­зе­пе Вер­ди. Сле­ден на­стап е га­ла-кон­цер­тот по по­вод 70 го­ди­ни од по­сто­е­ње­то на Ма­ке­дон­ска­та опе­ра.

На­ста­пив во уло­га­та на Жорж Жер­мон во пре­ми­ер­но­то из­да­ние на „Тра­ви­ја­та“ на МОБ, на све­че­но­то отво­ра­ње на „Мај­ски опер­ски ве­че­ри“, а на 13 мај ќе на­ста­пам ка­ко Фи­га­ро во „Се­вил­ски­от бер­бер“ од Џо­а­ки­но Ро­си­ни.

На га­ла-кон­церт по по­вод 70 го­ди­ни МОБ ја ис­пол­нив ари­ја­та на „Ри­го­ле­то“ и квар­тет од „Ри­го­ле­то“ на Џу­зе­пе Вер­ди. Оваа уло­га на Ри­го­ле­то ми е ед­на од не­ос­тва­ре­ни­те уло­ги, кои ги са­кам и се на­де­вам де­ка на­ско­ро ќе ја ис­пол­нам.

 

Ко­ја опер­ска уло­га би ја изд­во­и­ле ка­ко најб­ли­ска на Ва­ши­от сен­зи­би­ли­тет?

Јо­ва­но­ски: Искре­но да ви ка­жам по при­ро­да сум мно­гу строг и прин­ци­пи­е­лен, сум ис­пе­ал по­ве­ќе од два­е­сет глав­ни уло­ги, та­ка што најм­но­гу ми од­го­ва­ра­ат та­кви уло­ги ка­ква што е уло­га­та на Скар­пи­ја во „То­ска“, но, мо­же­би, ко­га ќе се за­мис­лам најм­но­гу ја са­кам уло­га­та на гроф Лу­на од опе­ра­та „Тру­ба­дур“ на Џу­зе­пе Вер­ди.

Зна­е­те, кај нас, опер­ски­те умет­ни­ци е мно­гу те­шко да се ре­ши­ме ко­ја уло­га најм­но­гу ни од­го­ва­ра за­тоа што се­ко­ја но­ва прет­ста­ва и уло­га но­сат но­ви мис­ле­ња, тех­нич­ки и сцен­ски те­шко­тии, му­зи­кал­но и во­кал­но сов­ла­ду­ва­ње…

Разговараше: Невена Поповска
Фото: Дејан Станчевски
(Текст објавен во 245. број на неделникот „Република“, 12.5.2017)

Top