петок, 28 јули 2017 | Вести денес: 67 ново

Познати македонски личности што клекнаа и за кои клекнаа пред цела нација (видео)

momci-podgotvete-prsten-bozik-e-sovrsen-den-za-zaprosuvanje-1

Јавните запросувања се хит во последните години – возејќи се на мотор, среде плоштад, на концерт, на натпревар, на протести, каде уште не. Секој се обудува да смисли нешто оригинално и да ја изненади својата сакана. Некој тоа го прави интимно, а некој сака сите да видат…

Македонското запросување на „Евровизија 2017“ нѐ натера да се вратиме назад и да протарашкаме кој од познатите македонски личности бил јавно запросен или јавно запросил.

Се сетивме на пејачот Мартин Србиновски. Тој во 2010 година ја запроси својата девојка во „Тркало на среќата“!

Новинарот од телевизија „Сител“,  Александар Спасовски, во првиот месец од 2012 година ја запроси својата колешка Славица Арсова, во живо за време на вестите на ТВ „Сител“.

Еден месец подоцна водителот на „Златна бубамара на популарноста“, Сашко Коцев, пред преполната Универзална сала ја запроси својата девојка Смиљана. По двочасовниот хумор препознатлив за „Златна бубамара на популарноста“ што го приреди Сашко, тој одеднаш стана сериозен. Почна да зборува за љубовта и рече дека тој ја нашол својата сродна душа. Со прекрасната изведба на Каролина Гочева на песната „I will always love you“ на сцената, актерот и водител приреди едно од најромантичните јавни запросувања.

Во 2013 година некогашниот уредник на таблоидот Свет, Александар Наков, ја запроси својата девојка, кошаркарката Славица Димовска, поставувајќи и го судбоносното прашање на порталот „Убавина и здравје“.

nakov

Во 2015 година Димитар Андоновски на хуманитарниот концерт во Битола ја запроси својата девојка Христина.

Во 2016 година пред почетокот на натпреварот од првото коло во Првата фудбалска лига меѓу Брегалница и Ренова, играчот на Брегалница, Стојанчо Велинов пред самиот почеток на натпреварот со дозвола на судијата се качи на трибините каде што седеше неговата девојка Мартина, клекна на колена и ставајќи ѝ го прстенот на левата рака ја запроси.

zaprosuvawnje fudbaler

И последното запросување беше она од „Евровизија 2017“. Европа е сведок на запросувањето на македонската претсавничка Јана Бурчевска. Веднаш по гласањето, а пред да се објават резултатите, се случи и првото евровизиско запросување. Филиповски клекна пред Јана и ја побара за жена пред цела Европа. Претходо, во најавниот видеоспорт, пред настапот на Јана беше откриено дека Јана наскоро ќе стане мајка.

„Република“ се сети на овие јавни клекнувања на познатите Македонци. Ви текнува на некој што сме го заборавиле?

Top