петок, 23 јуни 2017 | Вести денес: 0 ново

Д-р Милановска: Тригеминалната невралгија го онеспособува пациентот и физички и ментално

Три­ге­ми­нал­на­та не­врал­ги­ја не е тол­ку че­ста, но е ка­ра­кте­ри­стич­на и спе­ци­фич­на по­ра­ди ин­тен­зи­те­тот на бол­ка­та и го­ле­ми­от им­пакт што го има врз ква­ли­те­тот на се­којд­нев­но­то жи­ве­е­ње. По­сто­јат па­ци­ен­ти кај кои таа мо­же да се од­ло­жи. Обич­но се ја­ву­ва кај па­ци­ен­ти во сред­на жи­вот­на до­ба или во по­од­ми­на­та во­зраст. До­ми­ни­ра­ат ма­жи­те во од­нос на же­ни­те, но за мал про­цент

Остра бол­ка во ли­це­то во вид на се­че­ње, жа­ре­ње, еден вид боц­ка­ње, та­ка па­ци­ен­ти­те ја опи­шу­ва­ат три­ге­ми­нал­на­та не­врал­ги­ја, ко­ја не се ја­ву­ва че­сто, но се ка­ра­кте­ри­зи­ра со сил­на бол­ка. Три­ге­ми­нал­на­та не­врал­ги­ја, бу­квал­но, и фи­зич­ки и мен­тал­но го онес­по­со­бу­ва па­ци­ен­тот и вли­јае врз ква­ли­те­тот на жи­вот. Во нај­го­лем број од слу­ча­и­те, при­чи­ни­те се не­поз­на­ти. И по­крај си­те на­пра­ве­ни ис­пи­ту­ва­ња, не мо­же да се нај­де при­чи­на­та што до­ве­ду­ва до по­ја­ва на три­ге­ми­нал­на­та не­врал­ги­ја, ве­ли во ин­терв­ју за „Ре­пуб­ли­ка“ д-р Ма­ри­ја Ми­ла­нов­ска, спе­ци­ја­лист по не­вро­ло­ги­ја во „Не­у­ро­ме­ди­ка“.

 

Што е три­ге­ми­нал­на не­врал­ги­ја?

МИ­ЛА­НОВ­СКА: Три­ге­ми­нал­на­та не­врал­ги­ја не е бо­лест, од­нос­но за­бо­лу­ва­ње, тоа е кли­нич­ки ен­ти­тет и прет­ста­ву­ва ед­на фор­ма на не­вро­пат­ска бол­ка. Нај­че­сто се ја­ву­ва ка­ко ре­зул­тат на не­поз­на­та при­чи­на, ко­га збо­ру­ва­ме за та­ка­на­ре­че­на иди­о­пат­ска фор­ма на три­ге­ми­нал­на не­врал­ги­ја, и тоа е во нај­го­ле­ми­от про­цент од слу­ча­и­те. Во по­мал број збо­ру­ва­ме за та­ка­на­ре­че­на се­кун­дар­но на­ста­на­та три­ге­ми­нал­на не­врал­ги­ја, од­нос­но симп­то­мат­ска фор­ма на три­ге­ми­нал­на не­врал­ги­ја ко­га има ана­том­ско-мор­фо­ло­шка ди­сфунк­ци­ја ко­ја­што се слу­чу­ва на ни­во на цен­трал­ни­от нер­вен си­стем, од­нос­но бол­ка­та е ка­ко ре­зул­тат на не­кој про­цес што при­мар­но се слу­чу­ва во мо­зо­кот.

 

Кои се симп­то­ми­те, ка­ко да се пре­поз­нае три­ге­ми­нал­на­та не­врал­ги­ја?

МИ­ЛА­НОВ­СКА: Симп­то­ми­те се мно­гу ка­ра­кте­ри­стич­ни. Ста­ну­ва збор за ед­на ти­пич­на фа­ци­јал­на, од­нос­но бол­ка на ли­це­то ко­ја на­ста­ну­ва акут­но, не­на­деј­но. По сво­јот ква­ли­тет е про­бод­на, мно­гу ин­тен­зив­на, ед­на од нај­сил­ни­те бол­ки што се ја­ву­ва­ат во мно­гу кра­тки вре­мен­ски ин­тер­ва­ли и трае од не­кол­ку се­кун­ди до не­кол­ку ми­ну­ти.

 

Кол­ку има ви­сти­на во тоа де­ка бол­ка­та при три­ге­ми­нал­на­та не­врал­ги­ја е нај­сил­на­та бол­ка што чо­век мо­же да ја из­др­жи? Ка­ко нај­че­сто ја опи­шу­ва­ат па­ци­ен­ти­те?

МИ­ЛА­НОВ­СКА: Не мо­жам со си­гур­ност да твр­дам де­ка три­ге­ми­нал­на­та не­врал­ги­ја прет­ста­ву­ва нај­сил­на­та бол­ка што чо­век мо­же да ја до­жи­вее, но факт е де­ка прет­ста­ву­ва мно­гу ин­тен­зив­на бол­ка. Па­ци­ен­ти­те обич­но ја опи­шу­ва­ат ка­ко мно­гу ин­тен­зив­на, остра, про­бод­на бол­ка во вид на се­че­ње, жа­ре­ње, еден вид боц­ка­ње. Во ме­ди­цин­ска­та тер­ми­но­ло­ги­ја три­ге­ми­нал­на­та не­врал­ги­ја уште е поз­на­та и ка­ко су­и­ци­дал­на бол­ка. Че­сто се ко­ри­сти и ста­ри­от фран­цу­ски тер­мин „бо­лен грч на ли­це­то“, од­нос­но спа­зам на ли­це­то кој на­ста­ну­ва ка­ко ре­зул­тат на бол­ка­та што ја пре­диз­ви­ку­ва три­ге­ми­нал­на­та не­врал­ги­ја, а кли­нич­ки се ма­ни­фе­сти­ра со бо­лен грч на ли­це­то.

dr-marija-milanovska-01

Кои се при­чи­ни­те за по­ја­ва­та на три­ге­ми­нал­на не­врал­ги­ја?

МИ­ЛА­НОВ­СКА: Во нај­го­лем број од слу­ча­и­те при­чи­ни­те се не­поз­на­ти. И по­крај си­те на­пра­ве­ни ис­пи­ту­ва­ња, не мо­же да се нај­де при­чи­на што до­ве­ду­ва до по­ја­ва на три­ге­ми­нал­на­та не­врал­ги­ја. Во по­мал про­цент од слу­ча­и­те бол­ка­та е симп­то­мат­ска и се ја­ву­ва се­кун­дар­но, во склоп на не­кој про­цес што се слу­чу­ва на ни­во на мо­зо­кот. Обич­но, тоа се не­кои бо­ле­сти, од­нос­но со­стој­би што го за­фа­ќа­ат цен­трал­ни­от нер­вен си­стем, ка­ко што се мул­тип­лекс скле­ро­за­та, по­тоа не­кои про­це­си што се слу­чу­ва­ат во зад­на­та че­реп­на ја­ма, ка­ко што се, на при­мер, ту­мо­ри на мо­зоч­но­то стеб­ло. Ко­га ста­ну­ва збор за симп­то­мат­ски­те три­ге­ми­нал­ни не­врал­гии, нај­че­ста при­чи­на е т.н. ком­пре­сив­на при­чи­на, од­нос­но нер­вот е по­тис­нат од кр­вен сад, ар­те­ри­ја или ве­на, нај­че­сто ста­ну­ва збор за ар­те­ри­ски кр­вен сад во зад­на­та че­реп­на ја­ма. Кли­нич­ки тоа се ма­ни­фе­сти­ра со по­ја­ва на бол­ка на ли­це­то.

 

Да­ли се ле­ку­ва и да­ли мо­же да се по­вто­ру­ва цик­лич­но?

МИ­ЛА­НОВ­СКА: Три­ге­ми­нал­на­та не­врал­ги­ја не е тол­ку че­ста, но е ка­ра­кте­ри­стич­на и спе­ци­фич­на по­ра­ди ин­тен­зи­те­тот на бол­ка­та и го­ле­ми­от им­пакт што го има врз ква­ли­те­тот на се­којд­нев­но­то жи­ве­е­ње. Три­ге­ми­нал­на­та не­врал­ги­ја, бу­квал­но, и фи­зич­ки и мен­тал­но го онес­по­со­бу­ва па­ци­ен­тот. По­сто­јат па­ци­ен­ти кај кои таа мо­же да се од­ло­жи. Обич­но се ја­ву­ва кај па­ци­ен­ти во сред­на жи­вот­на до­ба или во по­од­ми­на­та во­зраст. До­ми­ни­ра­ат ма­жи­те во од­нос на же­ни­те, но за мал про­цент. Нај­че­сти фа­кто­ри за по­ја­ва се во­о­би­ча­е­ни днев­ни актив­но­сти кои кај нор­мал­ни ин­ди­ви­дуи не пре­диз­ви­ку­ва­ат бол­ка. Тоа се актив­но­сти ка­ко збо­ру­ва­ње, џва­ка­ње, гол­та­ње, ми­е­ње за­би, ли­це, бри­че­ње, шмин­ка­ње. Кај три­ге­ми­нал­на­та не­врал­ги­ја е ка­ра­кте­ри­сти­чен кли­нич­ки­от фе­но­мен поз­нат ка­ко „ал­ди­ни­ја“. Тоа е бол­на со­стој­ба ко­ја се ја­ву­ва ка­ко ре­зул­тат на мно­гу мал сти­мул. Обич­но до­пир на ко­са­та или бла­го стру­е­ње на воз­ду­хот мо­же да пре­диз­ви­ка тол­ку ин­тен­зив­ни бол­ки што ќе го онес­по­со­бат па­ци­ен­тот. Ако хро­нич­но се од­ло­жу­ва, оваа со­стој­ба мо­же да до­ве­де и до по­ја­ва на де­пре­си­ја, што че­сто се ја­ву­ва кај три­ге­ми­нал­на­та не­врал­ги­ја. Има тен­ден­ци­ја цик­лич­но да се по­вто­ру­ва. Кај па­ци­ен­ти­те кај кои ед­наш се по­ја­ви­ла три­ге­ми­нал­на­та не­врал­ги­ја, мно­гу е ве­ро­јат­но де­ка ќе се ја­ви втор или трет пат.

 

Кои се ме­то­ди­те за ле­ку­ва­ње и мож­ни­те комп­ли­ка­ции?

МИ­ЛА­НОВ­СКА: По­сто­јат те­ра­пии со кои три­ге­ми­нал­на­та не­врал­ги­ја не­ма де­фи­ни­тив­но да се из­ле­ку­ва, но бол­ка­та што се ја­ву­ва мо­же мно­гу до­бро да се кон­тро­ли­ра, од­нос­но да се на­ма­ли неј­зи­ни­от ин­тен­зи­тет до сте­пен на неј­зи­но пот­пол­но ис­чез­ну­ва­ње. По­сто­јат две те­ра­пи­ски мож­но­сти. Тоа се кон­зер­ва­ти­вен, од­нос­но фар­ма­ко­ло­шки трет­ман, и хи­рур­шки. Ко­га ста­ну­ва збор за иди­о­пат­ска три­ге­ми­нал­на не­врал­ги­ја, ка­де што не­вро­ло­шки­от ста­тус е уре­ден, то­гаш се при­бег­ну­ва кон кон­зер­ва­ти­вен ме­тод на ле­ку­ва­ње, со ле­ко­ви. Нај­че­сто се упо­тре­бу­ва­ат ан­ти­е­пи­леп­ти­ци, кои при­мар­но се ко­ри­стат во трет­ман за ле­ку­ва­ње на епи­леп­си­ја. Втор из­бор на трет­ман се три­цик­лич­ни­те ан­ти­де­пре­си­ви. Ко­га ста­ну­ва збор за симп­то­мат­ска три­ге­ми­нал­на не­врал­ги­ја, по­сто­јат не­кол­ку оп­ции на трет­ман кои спа­ѓа­ат во до­ме­нот на не­вро­хи­рур­ги­ја­та, од­нос­но ра­ди­о­те­ра­пи­ја­та. Си­те ме­то­ди има­ат свои не­са­ка­ни ефе­кти од те­ра­пи­ја­та. Ко­га на еден па­ци­ент ќе му се ди­јаг­но­сти­ци­ра три­ге­ми­нал­на не­врал­ги­ја, тоа е до­жи­вот­на ди­јаг­но­за. Има тен­ден­ци­ја со те­кот на вре­ме­то фре­квен­ци­ја­та и ин­тен­зи­те­тот на бол­ка­та во из­ве­сен про­цент да се на­ма­лат, но таа ни­ко­гаш не ис­чез­ну­ва це­лос­но.

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска
Фото: Александар Ивановски
(интервјуто е објавено во 245. број на неделникот Република кој излезе во печат на 12.5.2017)

Top