недела, 25 јуни 2017 | Вести денес: 0 ново

„Министерот“ Ристовски со една од најдобрите одбрани во априлските квалификации за ЕП (видео)

borko ristovski

Македонскиот голман Борко Ристовски има една од најдобрите пет одбрани во натпреварите од 3 и 4.коло од квалификациите за ЕП 2018 во Хрватска.

Атрактивно сопрениот „зицер“ на исландскиот капитен Гудјон Валур Сигурдсон, на Ристовски му донесе четврто место во Топ 5 одбраните за оваа фаза.

Повратникот во македонскиот национален тим беше еден од клучните играчи на Македонија во двата дуели со Исланд. На првиот меч во Скопје, македонската репрезентација го победи Исланд со 30-25, а на реваншот во Рејкјавик загуби минимално со 30-29. И на двата натпревари Борко Ристовски имаше по 15 одбрани на македонскиот гол.

Првото место во овој избор на ЕХФ му припадна на германскиот голман Андреас Волф за двојната одбрана на двата шута на Словенецот Јуре Доленец.

Top