недела, 19 ноември 2017 | Вести денес: 16 ново

Принцип

 

Ацо Станковски

Ацо Станковски

 

Де­но­ви­те ста­ну­ва­ат апа­тич­ни, а, се­пак, не­из­вес­ни. На­ро­дот се ста­би­ли­зи­ра од пу­чот и не­го­ви­те кон­се­квен­ции. Се­ко­гаш е та­ка ко­га пу­чот ус­пе­ва, ди­ри­ги­ран од ужас­ни­те пи­па­ла на Дла­бо­ка­та др­жа­ва и чу­до­ви­ште­то што жи­вее во дла­би­ни­те на неј­зи­но­то мо­чу­ри­ште. Тоа е мо­чу­ри­ште­то на мо­ра­лот и доб­лес­но­ста, тоа е пе­кол­ни­от ам­бис на мо­ќта од овој свет.

Ова чу­до­ви­ште е стрв­но за чо­веч­ко стра­да­ние. За су­ро­во ме­со од лу­ѓе, за нив­на­та жи­вот­на си­ла, за нив­ни­те ду­ши. Ова пос­лед­но­то најм­но­гу го воз­бу­ду­ва, го по­лу­ду­ва, го фр­ла во мон­стру­о­зен транс, ова од­врат­но чу­до­ви­ште, што ле­жи во дла­би­ни­те на мо­чу­ри­ште­то од Дла­бо­ка­та др­жа­ва и упра­ву­ва со сво­и­те ла­ти­фун­дии. Кам­ши­ци­те фр­чат, ро­бо­ви­те пи­ска­ат, хо­ри­зон­тот е црн. Хо­ри­зонт, соз­да­ден од бр­да и пла­ни­ни од ѓу­бре. Стра­вот­ни ча­до­ви со од­вра­тен ми­рис и отро­вен ефект од здра­ви­от раз­ум ле­ви­ти­ра­ат низ кра­јо­ли­кот.

Та­кви се твор­би­те на Дла­бо­ка­та др­жа­ва, по­доб­ни на хо­ли­вуд­ски хо­рор-филм. Ви­сок бу­џет, су­перѕ­вез­ди, су­пе­ри­о­рен пи-ар.

Ко­га по­ли­ти­ка­та кра­хи­ра, ту­ка е на­ро­дот, но ту­ка е и чу­до­ви­ште­то од Дла­бо­ка­та др­жа­ва. Ко­га по­ли­ти­ка­та ќе пад­не, на­ро­дот ќе ѝ по­да­де ра­ка да ста­не или, пак, же­сто­ко ќе ги уко­ри про­та­го­ни­сти­те на пу­чот. Тие што ги ур­наа си­те прин­ци­пи на по­ли­тич­ко­то од­не­су­ва­ње и во пре­диз­бо­ри­е­то, и за вре­ме на из­бо­ри­те, и по­тоа, ко­га ‘ргнаа да ги кр­шат си­те до­го­во­ри и да гра­ба­ат кон вла­ста ка­ко по­лу­де­ни, се при­ка­жу­ва­ат ка­ко не­ви­ни жр­тви, кои тре­ба да се со­жа­лат и да им се да­де вла­ста, по ко­ја тол­ку ку­ка­ат ве­ќе со го­ди­ни. На­ви­сти­на же­лез­ни опин­ци иски­наа за да дој­дат до та­му, ка­де што се.

На до­фат, та­ка бли­ску, еве, ме­ѓу­на­род­на­та ги приз­на, го при­фа­ти пу­чот, го кру­ни­са арам­ба­ша­та на пу­чи­сти­те, без ог­лед на кр­шот што бе­ше на­пра­вен при овој чин во од­нос на Уста­вот и за­ко­ни­те.

Прин­ци­пот го воз­ви­шу­ва ка­ра­кте­рот, а прин­ци­пи­ел­но­ста соз­да­ва до­вер­ба и си­гур­ност. Без овие доб­ле­сти не­ма хар­мо­нич­ни си­сте­ми, без прин­ци­пи по­доб­ни сме на жи­вот­ни.

И, на­ви­сти­на, та­кви­те сли­ки поч­наа да се ро­јат низ си­сте­ми­те за ин­фор­ми­ра­ње, да го пре­зен­ти­ра­ат воз­не­ми­ре­ни­от бе­стри­а­ри­ум со око­ко­ре­ни очи и зи­на­ти усти. Ра­скр­ва­ве­ни и раз­др­па­ни со бле­ди ли­ца, уп­ла­ше­ни за сво­и­те жи­во­ти. Ка­ков ужас, ка­ква та­га и не­моќ, со­стој­ба гроз­на и не­при­фат­ли­ва, а, се­пак, та­ка ло­гич­но по­ста­ве­на во це­ла­та сво­ја функ­ци­ја. Овој филм оди без пре­ста­нок со го­ди­ни. На­ро­дот е до­ве­ден до ра­бот на под­нос­ли­во­ста. Одед­наш фил­мот пу­ка и до­а­ѓа до поп­ла­ва од ужас­ни емо­ции, кои по­ве­ќе не мо­жат да би­дат кон­тро­ли­ра­ни, до експ­ло­зи­ја.

На­ро­дот ја има ви­стин­ска­та моќ во свои ра­це. Ду­ри и за мо­мент да се чи­ни де­ка е по­бе­ден и раз­о­ру­жен, ста­вен под кон­тро­ла и до­бро за­уз­дан, тоа е са­мо при­вид, та­ка са­мо изг­ле­да, но во­оп­што не е та­ка. То­гаш на­ро­дот е са­мо пов­ле­чен под­ла­бо­ко во сво­и­те скро­ви­шта. Во тие ми­го­ви тој мис­ли, не­го­ви­от ум гроз­ни­ча­во ра­бо­ти, не­сфат­ли­ви ениг­ми игра­ат во не­го­ви­от ум, по ил­ја­да па­ти ги про­це­си­ра шо­кант­ни­те искус­тва.

Зо­што? Зо­што? Зо­што?

А зо­што да не?!

И, по­втор­но ед­но мач­но ро­ти­ра­ње око­лу оска­та на проб­ле­мот, но од­го­во­рот ни­ка­ко да блес­не. Во та­ква ди­хо­то­ми­ја на све­ста на истра­жу­ва­чот на му­дро­ста и ви­сти­на­та пе­не­три­ра­ат си­те ла­ги и кле­ве­ти на ма­ши­на­та за афе­ри. Се бра­ну­ва све­тог­ле­дот, збу­не­то­ста знае да по­ро­би, скеп­са­та да за­ро­би, стра­вот да вко­ча­ни.

Со дру­ги збо­ро­ви, и по­крај ем­па­ти­ја­та што се ра­ѓа кон те­па­ни­те по­ли­ти­ча­ри, не е вре­ме за сен­ти­мен­та­ли­зам, а уште по­мал­ку за за­ем­ни об­ви­ну­ва­ња, по­себ­но со оние кои беа пр­ви на удар од чу­до­ви­ште­то од мо­чу­ри­ште­то на Дла­бо­ка­та др­жа­ва од Ва­шин­гтон ДЦ.

Тре­ба да се со­бе­рат пар­чи­ња­та од скр­ше­ни­те ам­фо­ри на древ­ни­те ве­ру­ва­ња. Ќе се за­ле­пат со су­пер­ле­и­ло­то, на­ре­че­но до­вер­ба и про­сту­ва­ње, а по­тоа на­пред во све­та­та ми­си­ја за за­чу­ву­ва­ње на ре­дот и хар­мо­ни­ја­та по­ме­ѓу гра­ѓа­ни­те и др­жа­ва­та.

Тре­ба да се уви­дат гре­шки­те и на ед­ни­те, и на дру­ги­те, и на па­три­о­ти­те од по­ли­тич­ки­те пар­тии, и на из­ла­жа­ни­те гра­ѓа­ни, кои по­ра­ди нај­раз­лич­ни, по­не­ко­гаш и оправ­да­ни при­чи­ни гла­саа за СДСМ и беа ве­ќе фа­те­ни во ста­пи­ца. Ка­ко за­ја­ци, ка­ко врап­ци, ка­ко глув­ци.

Не­кои се осве­сти­ја за ова и тоа нѐ пра­ви среќ­ни си­те што ја бра­ни­ме су­ве­ре­но­ста и не­за­вис­но­ста на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја. Не­кои, пак, сѐ уште со­ну­ва­ат иди­от­ски сни­шта ка­ко зом­би, без­на­деж­но за­ко­ва­ни во без­ум­ни­те ку­тии на фа­на­тиз­мот.

Top