недела, 19 ноември 2017 | Вести денес: 16 ново

Како Заев ќе гарантира унитарност?

zaev-1

Зоран Заев деновиве ги свикал своите освестени браќа за да смислат како заеднички да ја докажат гаранцијата пред претседателот дека ќе ја чуваат државата, дознава порталот себашкудосмртточкаком, кој што стигнал до фластерот од неговата глава, а на кој останале залепени идеите.

Заев побарал ментална помош од неговиот побратим Сеља, со мисла тој да ги свика своите европски по крв собраќа од регионот за да дадат уверување дека на ништо друго нема да мислат освен на Македонија. Сеља веднаш ги повикал другарите а заедно со нив, гаранцијата пред Иванов понудил и балканскиот картограф со американски пасош, Вилијам Вокер. Записничар на средбата бил најблискиот соработник на Заев, Мухамед Зекири, кој во ликвидната непостојаност на Петре Шилегов, ја преземал обврската на себе.

Заев потоа помислил на вториот побратим Касами, за и од него да собере потпис на потребната гаранција. Касами реформатор по убедување, прво се навредил зашто бара гаранција прво од него, а не од докажаните дуовски тендераши. Касами тоа го разбрал како навреда по етничка основа, а не помогнале ниту убедувањата дека и во ДУИ се Албанци. Нервниот напад Касами го одвел во правец на ново пазарење, или ниеден Албанец ни до сега, ни од сега нема да биде крив пред судот за ништо, или нема гаранции, по што Заев морал да попушти.

Заев потоа помислил и на гаранциите од ДУИ. Му се јавил на Талата и по првичните препирки милно го прашал, ама да не го навреди „Вака ли брате Талате, вака ли ми помагаш, а јас ќотек јадев за тебе“? талат на тоа му одговорил „Не се секирај бе, зоти, и не ми викај јер сам ја сега прецедник, па ако прецедник онај први не ти го дава мандат, ја ке ти го дадам, со две раце“. Ама, сепак, Заев добил нареѓење од амбасадорите, да направи што е можно повеќе и да успее да го здипли мандатот од Иванов, односно барем една работа сами да завршеле. Кога тоа му го кажал на Талат, веќе не помагале ниту медицинските белешки дека имал алергина на сонце, па откако овој толку многу ревносто почнал да реди значки со сонциња, предизвикал и помало крварење.

Заев на крај мислел дека најлесно ќе си помине дома. Ама му текнало дека Иванов е „пуританец“, конзерватицвец, па веднаш започнал со чистка. Прво го зачистил бифето, а партиските гавази добиле нареѓење да го врзат Шилегов за парно. Второ, се впуштил во центар на Скопје да расчисти со неморалнзата Софија која му ја нарушувала пионерската дисциплина. Сето тоа пак, наиде на тешки осуди во партијата каде веќе процесот доби и име – кимјунгунизација!

Со вакви гаранции Заев не само што нема да добие мандат на Водно, туку тешко дека ќе добие мандат и на Кале!

Петел Бодичек
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

Top