вторник, 21 ноември 2017 | Вести денес: 126 ново

Афера „фотографија“: Кој ги фотографирал Трамп и Лавров?

Белата куќа соопшти дека руските и американските медиуми присустувале на состанокот на Доналд Трамп и Сергеј Лавров. Состанокот зад затворени врати предизвика големо внимание, а руското министерство прво објави фотографии од Овалниот кабинет на американскиот претседател.

Она што ја направи таа серија фотографии уште поинтригантни е присуството на состанокот на рускиот амбасадот во САД Сергеј Кисљак, клучната фигура во истрагата на врската меѓу администрацијата на Трамп со Русија.

Откако фотографијата на дописникот на ТАС стана јавна, америанските новинари побарале објаснување за теориите на завера.

Фотографиите од состанокот зад затворени врати ги направил Александар Шербак, а потоа ги дистрибуирал Асошијетед прес, кој како извор на фотографијата го наименува Министерството за надворешни работи на Русија. Потоа ги презел „Гети имиџис“, кој како извор го наведе „ТАС“.

Американските новинари изразија загриженост на твитер, објавувајќи дека одеднаш станале принудени да се ослонуваат на руски фотографии од состанокот со американскиот претседател.

„Вашингтон пост“ наведува изјави на официјалните лица на Белата куќа кои сметаат дека посетата на екипата на ТАС за овалниот кабинет има „потенцијален безбедносен ризик“. Официјалните лица стравуаат дека дописникот на ТАС можел да подметне и шпионска „бубачка“ во кабинетот на претседателот на САД.

 

Top