сабота, 27 мај 2017 | Вести денес: 76 ново

ЦИА ги бара најдобрите оперативци кои ќе го нападнат Ким

Поради страв дека наскоро ќе биде изведена шестата нуклеарна проба на Северна Кореја, ЦИА формираше единица за надзор на нуклеарната и балистичка ракетна програма на Пјонгјанг.

– Централната разузнавачка агенција ЦИА основаше Центар за мисии во Северна Кореја за да ги користи целите ресурси, способности и овластувања на Агенцијата во решавањето на опасностите од нуклеарните балистички ракети на Северна Кореја. Новиот центар се потпира на искусни агенти од целата разузнавачка агенција и ги интегрира во еден ентитет со цел својата стручност и креативност да ја искористат во случај на напад на Северна Кореја – стои во соопштението на ЦИА.

Од Агенцијата не прецизираа каде ќе се наоѓа нивниот новоформиран центар, но во соопштението беше наведено дека „искусен официр на ЦИА“ бил избран да биде шеф на центар и помошник директор надлежен за Северна Кореја.

– Формирањето на овој Центар ни овозможува да ги интегрираме директните напори на ЦИА во борбата против сериозните закани за Соединетите Американски Држави и нејзините сојузници, закани кои што доаѓаат од Северна Кореја – изјави директорот на ЦИА, Мајк Помпео.

Соопштението на ЦИА доаѓа веднаш откако амбасадорот на Северна Кореја во Велика Британија, Чое Ил потврди дека Северна Кореја ќе го изведе шестото нуклеарно тестирање кога ќе го посака тоа, без оглед на потенцијалната опасност од превентивниот напад кој би го извеле Американците.

Top