вторник, 30 мај 2017 | Вести денес: 71 ново

Ждрепката одлучи, Вардар и Металург во полуфиналето на Купот на Македонија

rk vardar

Утрово, во просториите на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), беше извршена ждрепката за полуфиналните натпревари во машкиот Куп на Македонија, иако бранителот на титулата, Вардар, сè уште ја нема завршено четвртфиналната фаза. „Црвено-црните“ се дел од групата 4 и доколку извојуваат победа над Борец, во финалето ќе се соочат со Радовиш.

Доколку Вардар ја освои оваа група во полуфиналето ќе се сретне со големиот ривал Металург, од кого оваа сезона еднаш загуби, а второто полуфинале ќе го сочинуваат Охрид и Еурофарм Работник.

Завршницата од Купот на Македонија ќе се одигра во Битола на 20 и 21 мај, во реновираната спортска сала „Младост“.

Исто така, денеска беше одржана и ждрапката за завршницата на женскиот Куп на Македонија која ќе се одржи во Автокоманда. Фаворитот Вардар ќе игра против Гевгелија, додека домаѓинот Металург ќе се сретне со Прилеп. Бранител на титулата е и актуелниот шампион, Вардар.

Top