среда, 24 мај 2017 | Вести денес: 89 ново

Историски лет на „Ер Србија“, до Париз со целосно женски екипаж (ФОТО)

Историски лет за Париз забележа вчера авиокомпанијата „Ер Србија“. Првпат во 90 години историја на српското цивилно воздухопловство, авион полета од аеродромот „Никола Тесла“ со целосно женски екипаж.

Во пилотската кабина на авионот „ербас A-320“ на летот за Париз во 17.05 часот беа капетанот Весна Алексиќ и копилотот Мирјана Стоиљковиќ, а во кабинскиот екипаж беа Мирјана Поповиќ, Силвија Мадиќ, Тања Станковиќ и Елена Љубоевиќ.

аir serbia

Алексиќ е капетан во авиокомпанијата од 2014 година, но првпат е во пилотската кабина со жена копилот.

– Исклучително ми е драго што денес ќе летам со Мирјана и што заедно ја пишуваме историјата на „Ер Србија“ – рече капетан Алексиќ пред летот.

аir serbia2

На прашањето како реагираат патниците кога од пилотската кабина ќе им се обрати женски глас, Алексиќ вели дека на почеток им било необично, но дека веќе се навикнати на коментарите што, главно, се позитивни.

Таа додава дека и мажите и жените се еднакво изненадени кога ќе слушнат дека жена го управува авионот.

аir serbia5

Алексиќ вели дека неа не ѝ е важно дали во пилотската кабина има маж или жена бидејќи во „Ер Србија“ сите колеги се професионалци со кои добро се согласува и соработува, но сепак нагласи дека ѝ е задоволство што ќе лета со колешка.

Екипажот на „Ер Србија“ има шест жени пилоти, а пред само четири години немало ниту една.

аir serbia4

Алексиќ и Стоиљковиќ се двете жени што летаат со „ербас“, една нивна колешка управува со АТР, а уште три со „боинг 737“.

Top