недела, 20 август 2017 | Вести денес: 45 ново

Мис универзум Хрватска: Цвеќето од изборот го однесов на гробот на мајка ми

Актуелната Мис универзум на Хрватска е Хрватка по мајка и Американка по татко. Нејзината мајка Ивана и татко ѝ Александер, анерикански војник, се запознале во Америка, каде што мајка ѝ учела средно училиште. Во родниот град на мајка си, Славонски Брод, првпат дошла на четири месеци

Хрватска годинава доби мисица Афроамериканка. Шанел Пити (19) победи на изборот Мис универзум на Хрватска, а се пријавила, зашто нејзината мајка пред 20 години се борела за истата титула.

– Кога победив, почнав да плачам, зашто се сетив на мајка ми и знаев дека ќе биде многу горда да е денеска тука. Цвеќето од изборот ѝ го однесов на гробот во Славонски Брод, раскажува Шанел.

mis univerzum hrvatska (3)

Актуелната Мис универзум на Хрватска е Хрватка по мајка и Американка по татко. Нејзината мајка Ивана и татко ѝ Александер, анерикански војник, се запознале во Америка, каде што мајка ѝ учела средно училиште. Во родниот град на мајка си, Славонски Брод, првпат дошла на четири месеци.

mis univerzum hrvatska (4)

– Крстена сум во Славонски Брод и неколку години одев во основно училиште таму. Секое лето летувам на Пакоштане.

mis univerzum hrvatska (1)

Славонката не ја гледа својата иднина во манекенството, туку се надева дека ќе стане научник, ќе студира математика и физика во Америка и сонува да стане директорка на НАСА.

 

Top