сабота, 18 август 2018 | Вести денес: 90 ново

Калински го одработи последниот пренос, легендата оди во пензија (видео)

Бардот на македонското спортско новинарство и живата легенда меѓу колегите новинари, Златко Калински, ја заврши кариерата со коментар на вчерашниот натпревар меѓу Атлетико Мадрид и Реал Мадрид во рамките од полуфиналето на Лигата на шампионите.

Препознатливиот глас беше со нас во етерот повеќе од 42 години, изработени илјадници преноси, во живо од лице место ни ја пренесуваше атмосферата од светските и европски првенства, и олимписките игри.

Во негов стил, Калински, без да штеди епитети, нагласи дека токму гледачите биле тие кои во изминатите децении го воделе во работата.

zlatko kalinski

– Во сите овие години вие драги гледачи ме водевте, вие ми бевте ѕвездата која ме водеше да допрам до вашата душа, до вашите срца. Драги гледачи, ви благодарам за поддршката сите овие години. Збогум – рече Калински на крајот од неговиот последен меч во коментаторската кариера.

Му посакуваме мирни и долговечни пензионерски денови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top