среда, 24 мај 2017 | Вести денес: 0 ново

Џејмс Комеј доби отворена понуда за работа од Викиликс

Поранешниот советник во Американската агенција за национална безбедност (НСА), Едвард Сноуден, ја обвини американската администрација за „политичка вмешаност“ во отстранувањето од функцијата на директорот на ФБИ, Џејмс Комеј. Многумина сметаат дека Комеј бил отпуштен бидејќи ја штител Хилари Клинтон за време на истрагата за употребата на нејзиниот сервер за време на изборната кампања.

„Секој Американец треба да осуди такво политичко мешање во работата на Бирото“, на Твитер напиша Сноуден.

Писмото со кое Трамп го отпушти директорот на ФБИ

Директорот на ФБИ беше отпуштен вчера, неколку дена откако тој сведочеше пред Комитетот за правосудство при Сенатот во врска со истрагата за наводните руски мешања во претседателските избори во 2016 година.

Доналд Трамп го отпушти директорот на ФБИ Џејмс Комеј

Во меѓувреме со коментар за отпуштањето на директорот на ФБИ се огласи и Џулијан Асанж, кој му испрати писмена понуда на Коми за работа во Викиликс.

„Викиликс би бил среќен доколку Џејмс Комеј биде ангажиран за да помогне во истрагата на американската влада“, напиша на Твитер Асанж.

Основачот на Викиликс, исто така, ги потсети своите следбеници дека во 1993 година претседателот Бил Клинтон го отпушти тогашниот директор на ФБИ, Вилијам Сешн, откако тој одбил да се повлече од функцијата на препорака на јавен обвинител. Сешн бил обвинет за етничко насилство и бил единствениот директор на ФБИ кој бил отпуштен.

Top