четврток, 22 јуни 2017 | Вести денес: 97 ново

Светски хит: Колач без брашно и шеќер

Овој колач без брашно и шеќер за кратко време стана многу популарен. Има малку состојки, се прави многу лесно, а рецептот доаѓа од Јужна Америка.

Состојки:

4 јајца

2 портокали

200 грама ореви, бадеми, лешници или кокос

пола лажише сода бикарбона

100 грама црна чоколада

200 милилитри неутрална павлака

Подготовка:

Портокалите потопете ги во раствор од сода бикарбона и оставете ги да отстојат половина час. Потоа гответе ги половина час, додека не омекнат.

Сомелете ги во блендер, додајте ги јајцата и претходно сомелените ореви и додајте малку сода бикарбона.

Печете на 200 степени 20 минути.

Сварете ја неутралната павлка и во неа додајте чоколада додека таа не се растопи.

Со ова прелијте го готовиот и оладен колач.

 

Top