среда, 21 февруари 2018 | Вести денес: 42 ново

Никогаш немало повеќе работа во Германија-отворени се милион работни места!

radi

Според извештајот кој го објави Институтот за истражување на вработувањето(ИАБ), во Германија никогаш немало повеќе отворени работни места.

Во првите три месеца од годинава работодавачите барале дури 1.00.064 работници, што е за 9.000 повеќе од последното тримесечје  во 2016 година, кое досега држеше рекорд.

Во однос на првиот квартал на 2016 година, бројот на отворени работни места зголемен е за дури 75.000.

-Околу 77 отсто на сите отоврени работни места се наоѓаат во Западна Германија. Околу две третини, поточно 64 отсто од тие работни места од потенцијалниот вработен бараат да има завршен занает, додека само 16 отсто бара високообразовани работници. Останатите 20 проценти од работниците не очекуваат никакво посебно образование.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top