петок, 28 јули 2017 | Вести денес: 74 ново

Јункер до Путин: Знаеш зошто Луксембург сè уште не ја напaднал Русија?

Како што пишува „Франкфуртер алгемајне“ Жан ­Клод Јункер на 8 мај зборувал на Академијата за политички истражувања во Бон. Во таа пригода, тој раскажал како успеал да сочува нормални односи со претседателот на Русија. Тајната на Јункер била во тоа во пресрет на разговорите да му раскаже анегдота на Путин.
„За да го смирам Путин, секогаш му објаснувам зошто Луксембург се уште не ја нападнал Русија. Нашата земја нема место за толкав број војници“ – изјавил Жан­ Клод Јункер.

Претходно Јункер се појави пијан на самитот на Обединетите нации, а на заедничкото фотографирање им удирал шлаканици на учесниците на
состанокот.

Top