среда, 23 август 2017 | Вести денес: 71 ново

Прескапа е тајната на првата дама на Франција

brizit makron (5)

Французинките се жени со стил, а новата прва дама на Франција е уште еден доказ за тоа.

Иако е 25 години постара од сопругот, францускиот претседател Амануел Макрон, и е баба, Брижит изгледа помладо од 64-годишна жена. Барем така велат визажистите. Во создавањето на таквиот впечаток многу ѝ помага стилот, зашто често може да ја видите во фармерки, но се служи и со други трикови.

Иако никогаш јавно не зборувала за начините на кои го одржува својот изглед, лекарот Рос Пери, основач на Косметик клиникс, за „Дејли меил“ изјави дека нејзиното главно оружје е витата и атлетска става и мудро избраната фризура која го отвора лицето, а ги сокрива вратот и сите знаци на стареење. Други стручњаци, пак, велат дека Брижит има навлаки на забите, ботокс и фејслифтинг.

LE TOUQUET-PARIS-PLAGE, FRANCE - APRIL 23: French presidential candidate Emmanuel Macron for the En Marche ! movement flanked by his wife Brigitte Trogneux leaves the Touquet polling station after voting for the 1st roud of fench presidential election on April 23, 2017 in Le Touquet-Paris-Plage, France. (Photo by Sylvain Lefevre/Getty Images)

Нејзиниот плакар би го посакале и двојно помлади жени зашто Брижит најчесто може да се види во елегантни фустанчиња, фармерки, па дури и кожени панталони. Првата дама на Франција има многу скап стил и сака дизајнерски парчиња, особено со потписот на Луј Витон. Таа е секогаш во првиот ред на ревиите на Кристијан Диор. Обожава скапи чевли, како оние на Ревивал и Џанвито Роси, не се одделува од својот часовник „хермс“, а јакната што често ја носи чини 1000 евра, а ја потпишува Монклер. Со еден збор, Брижит негува лежерен шик стил и изгледа онака како што многу жени сонуваат дека ќе изгледаат.

Се облекува младешки, во класични и доброскроени парчиња кои  ѝ прилиегаат на фигурата. Освен тоа, носи тесни фармерки, сакоа, блузи со едноставни линии и тесни панталони во неутрални бои, а тоа само е гаранција повеќе дека секогаш ќе изгледа елегантно.

Presidential Candidate Emmanuel Macron Votes In Le Touquet

Брижит добро си го познава телото, знае што треба да истакне, а што да сокрие, па затоа и изгледа многу самоуверено.

-Таа е рокенрол. Никогаш нема да рече: „Еј, имам 64, не можам да облечам мини, потпетици од 15 цм, фустани без ракави, кожени панталони“, вели Делфин де Канкод за „Л Експрес“.

Иако истражувањата покажуваат дека жените губат дел од косата по педесеттата година, косата на Брижит уште е бујна, а фризерите веруваат дека вградила екстензии на тилот за да добие волумен.

PARIS, FRANCE - JUNE 02: French Minister of Economy Emmanuel Macron (R) and wife Brigitte Trogneux arrive for the State Dinner Offered By French President Fran?ois Hollande at the Elysee Palace on June 2, 2015 in Paris, France. (Photo by Pascal Le Segretain/Getty Images)

Освен што совршено и мудро ја избрала фризурата, боб со кркми, полн погодок е и бојата. Очигледно е дека многу се грижи и за изгледот на кожата, па затоа и изгледа 10 години помладо. Има релативно малку брчки околу очите и на челото, но има линии околу устата и во аглите на очите, но тоа е затоа што прави многу гримаси. Можно е да користела ботокс и филери во минатот, но суптилно и со добар ефект, тврдат хирурзи, а делови на нејзиниот нос сугерираат дека во некој момент била и на операција на носот.

LE TOUQUET-PARIS-PLAGE, FRANCE - MAY 07: French presidential election candidate for the 'En Marche!' (Onwards!) political movement, Emmanuel Macron and his wife Brigitte Trogneux leave the polling station of the the town hall after casting their vote in the second round of the French presidential elections on May 07 2017 in Le Touquet-Paris-Plage, France. France votes today to elect the new President of the French Republic. (Photo by Thierry Chesnot/Getty Images)

За витата става сите се согласни дека се работи за ген. Веројатно има брз метаболизам, тонусот на мускулите ѝ е слаб, што знзачи дека не вежба.

Стоматолозите велат дека предните два заба ѝ се посветли од другите, што укажува дека ставала навлаки.

Top