четврток, 14 декември 2017 | Вести денес: 1 ново

Трета среќа: Дик Адвокат повторно е селектор на холандската репрезентација

dick-advocaat

Фудбалската федерација на Холандија денеска потврди дека Дик Адвокат е нов селектор на „лалињата“. Ова е трет пат тој да биде назначен за селектор на Холандија откако прво беше на чело на репрезентацијата од 1992-1994 година, како и во периодот од 2002-2004 година.

Асистент на Адвокат во националниот тим ќе биде Руд Гулит.

Инаку, Холандија е без селектор од март кога Дани Блинд доби отказ по поразот од Бугарија во квалификациите за СП во 2018 година.

Адвокат претходно ги предводеше селекциите на Србија, Русија, Белгија, Обединетите Арапски Емирати и Јужна Кореја. Од клубовите, беше менаџер на ПСВ, Борусија Мехенгладбах, Зенит, АЗ Алкамар, Сандерленд и Фенербахче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top