четврток, 14 декември 2017 | Вести денес: 1 ново

Викиликс: Терористите во Куманово биле во комуникација со СДСM

naslov.jpg

Викиликс ги потврди извештаите на МИНА од 2016 година дека структури од СДСМ биле во комуникација со косовските терористи кои влегоа во Куманово. Иако нашите извори посочуваа кон високи структури во ДБК, токму самиот Зоран Заев практично ја призна соработката и планиовите на СДСМ со терористите кога тој најави „Ќе има крв во мај доколку Груевски не се повлече“, пишува „Мина репорт“.

Терористите го извршија нападот на 10-ти мај, но беа спречени од полицијата да го спроведат нивниот оригиналнен план при што требало да се нападнат трговски центри, отворени пазари и полициски станици на 15 мај, кои би резултирале со голем број цивилни жртви.

Во преписка помеѓу претставници на Стејт департментот и Амбасадата на САД во Скопје, Викиликс ја објави следната комуникација:

„Тимот „Браво“ потврдува дека дваесет члена група е влезена од Косово, во моментов тие се наоѓаат во ридестиот дел на Куманово. Иако тие сакаат да делуваат дека се исламски радикали, оваа група користи криминални и терористички методи,“ се вели во преписката.

Стејт департментот продолжува: „Групата важи за блиска до Харадинај од Косово, и веќе остварила контакти со политичари од Скопје. Тие се сретнале најмалку два пати во Приштина. Членови на радикалите во Косово и Македонија се во комуникација со политичките движења (СДСМ), кои сакаат да падне Владата“, се вели во документот објавен од Викиликс.

zaev-selfi-kumanovo

Еден ден по инцидентот во Куманово, претседателот на СДС, Зоран Заев, наместо да ги посети повредените полицајци, тој одлучи да ги посети лицата со блиски врски доУЧК, кои им помагале на терористите со логистика и информации во реално време за движењето на македонските полицајци во областа.

Ние, исто така, објавивме дека десната рака на Заев, Захир Беќири, (моментално во затвор за производство на 35.000 лажни лични карти) имаше 80 панцирани елеци скриени во канцеларија на СДСМ наменета за терористите во Куманово, но никогаш не биле испорачани бидејќи полицијата презеде акција неколку дена пред закажаниот терористички напад.

Избор: minareport

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top