четврток, 21 септември 2017 | Вести денес: 71 ново

Македонската опера и балет доби Орден за заслуги за народ од претседателот Ѓорге Иванов

Претседателот Ѓорге Иванов денеска  ја одликуваше Македонската опера и балет со Орден за заслуги за народ. Ова признание МОБ го добива во годината кога одбележува 70 години постоење на Операта и 45 години од манифестацијата „Мајски оперски вечери“.

– Орден за заслуги за народ на Македонија на Македонската опера и балет. Горд на сите основоположници, сегашни афирмирани колеги и идните генерации талентирани Македонци. Благодарност до Претседателот на укажаната чест, како и на уважената публика без која денес не би славеле 7о години постоење на Операта и 45 години Мајски оперски вечери. честитки – напиша на својот профил на „Фејсбук“ Ѓорѓи Цуцковски.

Top