сабота, 18 ноември 2017 | Вести денес: 79 ново

Пукотници кај Прилеп

Вчеравечер во 22,40 во полициската станица за ГП-Старавина било пријавено дека на местото викано Расимбегов мост во близина на Прилеп, во два наврати било пукано од огнено оружје.

Во 23,15 часот на раскрсницата за с.Дуње-Прилеп, полициските сили сопреле „сеат толедо“ со прилепски регистерски таблици управувано од Б.А. (36), во кое сопатници биле П.Т.(44) и Д.Д. (48) сите од Прилеп. При извршениот преглед, кај Д.Д. бил пронајден пиштол „ЦЗ 99“ кал.9мм.

Во разговорот истиот изјавил дека од наведениот пиштол пукал на Расимбегов мост, од каде подоцна и се подигнати испукани чаури. Со потврда за привремено одземени предмети, од Д.Д. бил одземен пиштолот.

Против истиот по целосното расчистување и документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Top