петок, 20 октомври 2017 | Вести денес: 0 ново

Дали е „вегетата“ зачин или добро спакуван отров?

Еден од најпрепознатливите марки на Подравка е „вегета“, која е произведена уште во 1959 година. Злата Бертл, познат како тета Вегета, со својот истражувачки тим ја измисли комбинацијата на зачини и на сушен зеленчук, особено моркови, кромид и целер, и како такви, ги изнесе на пазар да служат како одличен прилог на супи и чорби. Но, кога ја создавала својата комбинација на зачини, најверојатно, никогаш не ни сонувала колкава слава ќе постигне со својот производ. Од тие денови па сè до денес „вегетата“ е испрофилирана во една од најкористените додатоци во исхраната, речиси во секое јадње.

Сепак, се чини дека „вегетата“, која денеска се нуди по супермаркетите, е далеку од чиста комбинација на сушен зеленчук. Таа содржи голема количина сол, и тоа повеќе од 50 проценти, а во неа се скриени адитиви што се додаваат на храната со цел да им се продолжи рокот на траење и да им се подобри вкусот. Големата количина адитиви доминира со вкусот на храната и ја губи својата природна арома, пишува хрватски „Дневно“.

Адитивите се означуваат со Е­-броеви, во зависност од нивното влијание врз здравјето на луѓето. Поделени се во три категории: зелена, кои не се опасни за здравјето на луѓето; жолта, кои треба да се консумираат во мали количини; и црвена, кои треба да се избегнуваат по секоја цена. Најчестиот адитив во Вегетата е многу штетниот мононатриев глутаминат MSG – подобрувач на вкусот и замена на солта – кој  може да се најде дури 15 проценти.

vegeta (1)

MSG е адитивот E 621, означен е со црвена боја!

Неговите несакани ефекти се движат од мигрена до влошени симптоми на астма, па сѐ до гадење, вртоглавица, силно чукање на срцето, вознемиреност, болка во градите, хиперактивност, надуеност, жед, ладна пот, црвенило на лицето, алергиски реакции. Во големи количини може да доведе до исчезнување на нервните клетки, а тоа пак се поврзува со појавата на Алцхајмеровата, Паркинсоновата и Хантингтоновата болест.

Забранет е како додаток во храната за бебиња. Баш поради MSG, многу мајки од нивната кујна ја исфрлија Вегета. Сушениот зеленчук тука е само како покритие за хемиските состојки со намера да се измами, па дури и да се отруе потрошувачот. Така, во скапата „вегета“ денеска доминира солта, малку суви корени и троа зачини, и сè на сè, би можело да се каже дека купувате нездрава, па дури и отровна храна.

Ако во „вегетата“ има 15,5 проценти зеленчук (што е повеќе од повеќето други производи), голема количина сол, зачини, пченкарен скроб, вкусови и природни бои, тогаш можете ли да замислите колкава е содржината на зеленчукот и зачинот во другите додатоци во исхраната?

vegeta (1)

Дали сте ги провериле овие праметри и на производите од Македонија? Исти се, само во друго пакување. Ако сте во групата на оние кои алтернативата ја пронаоѓате во „вегета натур“, тогаш сè уште не сте на вистинскиот пат. Станува збор за производ што содржи екстракти на квасец или вештачки добиена глутаминска киселина која така изолирана „го подобрува“ солениот вкус. Вистина е дека таа глутаминска киселина е не­есенцијална аминокиселина, но таа природно е во храната и како таква би требало да ја внесуваме во организмот и тоа внесување со правилна исхрана е и повеќе од доволно. Затоа, би било најдобро по моделот на Злата сами дома да направите комбинација на зачини, кои не само што ќе бидат од корист за вашето здравје, туку и по ваш вкус.

Top