вторник, 23 мај 2017 | Вести денес: 6 ново

Ема Вотсон ја собра главната награда на „Ем-Ти-Ви“филмските и телевизиските награди

Синоќа се одржаа MTV филмски и телевизиски награди, каде што најдобра беше Ема Вотсон. Домаќин на шоуто беше комедијантот и актер Адам Девин, кој се појави на сцена како ѕверот од „Убавицата и ѕверот“.

videoimage

Ема Вотсон, која ја глуми убавицата Бела во истиот филм ја зема наградата за најдобра актерка.

– Мислам дека ја добив оваа награда поради тоа која е Бела и што претставува таа. Негативците во нашата бајка сакаа да ја натераат Бела да поверува дека светот е помал отколку што таа мисли, со многу помалку можности. Сакам да глумам некој кој не слуша такви работи, изјави Ема кога ја примаше наградата.

На крај додаде дека е навистина горда што за прв пат MTV организираат награди каде што не постојат родови поделби.

Најдобар филм беше прогласен „Убавицата и ѕверот“, додека новото шоу на Netflix „Чудни работи“ ја доби наградата за најдобро шоу на годината.

Top