петок, 20 октомври 2017 | Вести денес: 1 ново

Во 27 сообраќајки викендов во Скопје, повредено 21 лице

soobrakajka

Изминатите три дена на подрачјето на Скопје во вкупно 27 сообраќаjни незгоди три лица се здобиле со тешки телесни повреди, а 18 се полесно повредени. Во десет сообраќајки е предизвикана само материјална штета.

Како што информира МВР, за време на викендот се откриени поголем број прекршоци и се санкционирани 11 возачи за непочитување на ограничувањето на брзината на движење, шест возачи за управување возило под дејство на алкохол, 10 возачи кои поминале на црвено светло на семафор и двајца возачи за неотстапување првенство на минување на пешаците на обележан пешачки.

Вкупно 25 возачи управувале возило по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола, а 80 за непрописно паркирани возила. Со помош на специјално возило „пајак“ отстранети се 73 возила.

Top