сабота, 19 август 2017 | Вести денес: 60 ново

Кина гради свој „Холивуд“ вреден 2,18 милијарди долари

Кинеската Влада најваи изградба на комплекс од филмски студија во вредност од две милијарди долари, како дел од напoрите на официјален Пекинг за проширување на своето влијание и во областа на културата.

Комплексот што ќе се наоѓа во округот Чунгкинг во југозападна Кина, ќе има тематски парк и туристички атракции, а неговата изградба ќе почне на почетокот на следната година. Реализацијата на проектот ќе чини 15 милијарди јуани (2,18 милијарди долари).

Официјалните лица во Кина соопштија дека веќе имаат оперативни договори со неколку странски партнери.

Кинескиот „Холивуд“, ќе се гради во рамки на проектот на кинескиот претседател Си Џинпинг, „Еден појас, еден пат“, со кој се предвидува продлабочување на економските и културните врски на Кина со западните и јужните соседи.

Кина претставува втор по големина филмски пазари во светот. Во услови на растечка домашна побарувачка за филмови, кинеските официјални лица настојуваат да го намалат увозот на западни филмски оставрување и да произведуваат конкурентни домашни филмови.

Националната квота дозволува прикажување на само 34 холивудски филмови годишно во кинеските кина.

Top