понеделник, 23 октомври 2017 | Вести денес: 19 ново

Македонска делегација на комеморација по повод 72 годишнината од ослободувањето на концентрациониот логор Матхаузен (галерија)

По повод 72 годишнината од ослободувањето на концентрациониот логор Матхаузен во близина на Линц, во Австрија денес се одржа традиционалната комеморација и одавање почит на над 122 илјади жртви во логорот.

kom-640x480

Во името на Република Македонија, цвеќе пред саркофагот на жртвите во логорот положи амбасадорот на РМ во Австрија, др. Василка Попоска Треневска, заедно со претставниците од МПЦО Св . Наум Охридски од Виена Љупчо Домазетовски, Спасе Дишлиевски и Роберт Петрески, како и претставниците на македонското друштво од Линц, Ванчо Делев и Јосе Глигоров.

logor1-640x853

На церемонијата присуствуваа Претседателот на Р. Австрија, Александар Ван Дер Белен, Канцеларот Кристијан Керн, како и многу министри и пратеници.

logor2-640x853

Пораката на македонски јазик пред 7 илјадите присутни ја прочита конзулот Румена Томоска. Во пораката се вели: “Се колнеме дека ќе продолжиме да ја водиме борбата против империјализмот и националната нетрпеливост, солидарно и со взаемно разбирање. Се обраќаме кон целиот свет со повик: помогнете ни во оваа работа! Да живее меѓународната солидарност; Да живее слободата”!

Канцеларот Керн денес истакна: Комеморацијата не обврзува: Национализам, шовинизам и расизам, кој повторно ги покажуваат нивните грди лица денес, ние треба да ги пресретнеме со нашите најсилни оружја: солидарноста, толеранцијата и моралната храброст.

Top