понеделник, 16 јули 2018 | Вести денес: 87 ново

Се тетеравел и се удирал во мебелот: Жан Клод Јунер „мртов пијан“ на самит на ОН (видео)

Британскиот таблоид Сан тврди дека Жан Клод Јункер, претседателот на Европската комисија, бил видливо пијан за време на мировниот самит на Обединетите нации. Тој се тетеравел, се удирал во мебелот и луѓето околу, а исто така со повишен тон им се обраќал на неговите соработници. Во дипломатските кругови се вели дека настапот на Јункер бил срамотен.

јункер

Ова не е прв пат Јункер да се однесува чудно, на еден ЕУ самит тој се шегуваше со сите лидери кои ги пречекуваше и им дофрлаше непристојни реплики.

Видеото е од Европскиот самит во Рига одржан пред две години каде што Јункер исто така имаше екцес откако се напи алкохол.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top