петок, 20 октомври 2017 | Вести денес: 0 ново

Де­не­ска пи­са­те­лот го не­ма тој ста­тус што го имал еден Ер­нест Хе­мин­гвеј, Скот Фиц­џе­ралд или Ви­ктор Иго

Мо­ра мно­гу да чи­та­те. Сме­та­те де­ка сте наш­ле не­ко­ја ори­ги­нал­на иде­ја, но, во су­шти­на, неа ве­ќе 400 па­ти ја на­пи­ша­ле или ја обра­бо­ти­ле на мно­гу по­до­бар на­чин лу­ѓе што одам­на по­чи­на­ле. По­сто­јат мно­гу при­чи­ни за да чи­та­те, но ед­на од при­чи­ни­те е за да про­ве­ри­те дали тоа што сте го на­пи­ша­ле е ори­ги­нал, ве­ли Фре­де­рик Бег­бе­де

Фре­де­рик Бег­бе­де, пи­са­тел, ли­те­ра­ту­рен кри­ти­чар, есе­ист, ре­жи­сер, те­ле­ви­зи­ски во­ди­тел и по­вре­мен ди­џеј, до­па­ту­ва во Скоп­је за да ја про­мо­ви­ра сво­ја­та нај­но­ва кни­га „Уна и Се­лин­џер“, а кај нас до­се­га се об­ја­ве­ни и ро­ма­ни­те „399“, „Љу­бо­вта трае три го­ди­ни“, „Ро­ман­ти­чен его­ист“, „Фран­цу­ски ро­ман“… Бег­бе­де е еден од најз­на­чај­ни­те фран­цу­ски пи­са­те­ли и нај­кон­тро­верз­ни европ­ски авто­ри на 21 век, а свет­ска сла­ва здо­би­ва пре­ку сво­и­те ро­ма­ни, кои се пре­ве­де­ни на по­ве­ќе од 80 ја­зи­ци. По­се­та­та на Скоп­је бе­ше ор­га­ни­зи­ра­на од из­да­вач­ки­от цен­тар „Три“, кој ги об­ја­ву­ва кни­ги­те на Бег­бе­де, но и од Фран­цу­ски­от ин­сти­тут во Скоп­је. Ток­му во про­сто­ри­и­те на Ин­сти­ту­тот Бег­бе­де од­го­ва­ра­ше на по­ве­ќе пра­ша­ња, раз­го­ва­ра­ше со при­сут­ни­те, бе­ше стрп­лив со мно­гу­број­ни­те чи­та­те­ли, кои ба­раа да им ги пот­пи­ше кни­ги­те или да се фо­то­гра­фи­ра­ат со не­го. Љу­без­но по­зи­ра­ше за „сел­фи“…тоа беа сце­ни за па­ме­те­ње. Иа­ко го сле­ди ими­џот на „ло­шо мом­че“, го на­ре­ку­ва­ат „све­то­то де­те на Па­риз“, „кни­жев­на ѕвез­да“, а не­го­ви­те кни­ги пре­диз­ви­ку­ва­ат скан­да­ли и по­ле­ми­ки, ре­гру­ти­ра­ат го­лем број вљу­бе­ни­ци, но и про­тив­ни­ци… не­го­ва­та љу­без­ност и при­стој­ност во сред­би­те со чи­та­те­ли­те ука­жу­ва на мом­че од до­бро се­мејс­тво, што е це­лос­на спро­тив­ност од ин­ци­ден­ти­те по кои е поз­нат и над­вор од гра­ни­ци­те на сво­ја­та зем­ја. Име­но, во 2008 го­ди­на Фре­де­рик за­ед­но со уште еден фран­цу­ски пи­са­тел е уап­сен по­ра­ди кон­су­ми­ра­ње ко­ка­ин од ха­у­ба­та на авто­мо­би­лот. Сво­е­то за­твор­ско искус­тво го пре­то­чу­ва во „Фран­цу­ски ро­ман“, за кој во 2009 го­ди­на до­би­ва кни­жев­на на­гра­да. Не­го­ва­та мај­ка е пре­ве­ду­вач од анг­ли­ски ја­зик, а та­тко му ло­вец на та­лен­ти, што на Фре­де­рик му овоз­мо­жи­ло да се шко­лу­ва во елит­ни учи­ли­шта. По сту­ди­и­те во Па­риз си­те оче­ку­ва­ле да го про­дол­жи шко­лу­ва­ње­то, но Фре­де­рик поч­ну­ва да ор­га­ни­зи­ра за­ба­ви со при­ја­те­ли­те. Те­шко е да се сле­дат си­те актив­но­сти на овој т.н. кон­тра­ди­кто­рен ден­ди, кој че­сто ги ци­ти­ра ру­ски­те кла­си­ци, мно­гу чи­та и пи­шу­ва… Инс­пи­ра­ци­ја за сво­и­те ро­ма­ни нај­че­сто на­о­ѓа во све­тот на мо­да­та, мар­ке­тин­гот и на биз­ни­сот, во кој израс­нал. Ду­ри и сво­јот сајт на ин­тер­нет го на­ре­кол С.Н.О.Б. иа­ко за се­бе ве­ли де­ка е „БОБИ“ – бо­га­таш бун­тов­ник.

Ток­му сре­де бур­ни­те на­ста­ни во зем­ја­ва Фре­де­рик Бег­бе­де, прин­цот на па­ри­ски­от ли­те­ра­рен шик, дој­де на пр­ва сред­ба со ма­ке­дон­ски­те чи­та­те­ли. При­стиг­на исти­от ден ко­га се слу­чу­ваа не­при­јат­ни­те на­ста­ни во ма­ке­дон­ско­то Со­бра­ние и вед­наш во свој спе­ци­фи­чен ма­нир ја ко­мен­ти­ра­ше со­стој­ба­та…

– Ден­та ко­га при­стиг­нав има­ше го­ле­ма бр­кот­ни­ца во Скоп­је, нај­ве­ро­јат­но се пра­шу­ваа да­ли ќе дој­дам или не. Искре­но се на­де­вав де­ка ќе дој­дам во зем­ја во ко­ја ќе по­чув­ству­вам спо­којс­тво, би­деј­ќи до­а­ѓам од зем­ја ка­де што си­те се бо­рат за власт. Но, до­а­ѓај­ќи ту­ка по се­то тоа што се слу­чу­ва­ше ов­де вче­ра , се чув­ству­вам ка­ко до­ма.

За по­че­то­ци­те, инс­пи­ра­ци­ја­та, пот­тик за пи­шу­ва­ње и за бри­ли­јант­на­та ка­ри­е­ра, Бег­бе­де ре­че…

– Поч­нав да пи­шу­вам мно­гу млад, на 24-го­диш­на во­зраст. Но, тоа не ме подм­ла­ду­ва, тоа бе­ше пред 27 го­ди­ни. Тие што се до­бри по ма­те­ма­ти­ка се­га ќе ја откри­јат мо­ја­та во­зраст. Поч­нав да пи­шу­вам со­се­ма слу­чај­но. Са­кав да ја рас­ка­жам при­каз­на­та на еден ал­тер его, Марк, кој са­ка мно­гу да се за­ба­ву­ва и, во су­шти­на, тоа е глав­ни­от лик, кој се пров­ле­ку­ва низ мо­и­те пр­ви три ро­ма­ни. Што се од­не­су­ва до тоа што би мо­же­ло да вли­јае од над­во­реш­ни­от свет или ми вли­ја­е­ло на мо­е­то пи­шу­ва­ње, сме­там де­ка тоа е са­мо де­лум­но точ­но. Во мо­јот прв ро­ман мо­јот гла­вен лик се на­о­ѓа во Пра­га ка­де што се слу­чу­ва ка­ди­фе­на­та ре­во­лу­ци­ја. Зна­чи, има­ме еден чо­век во Пра­га, тој е вљу­бен во ре­чи­си се­ко­ја де­вој­ка, но зад таа по­врш­ност на не­го­во­то жи­ве­е­ње се слу­чу­ва­ат мно­гу дла­бо­ки ра­бо­ти. Тој одед­наш е кон­фрон­ти­ран со ре­ал­но­ста што го оп­кру­жу­ва. Ток­му и мо­ја­та кни­жев­ност, мо­е­то пи­шу­ва­ње мо­жам да го ква­ли­фи­ку­вам со та­ков при­стап: по­крај ед­на по­врш­ност и при­стап што е иро­ни­чен, кри­јам еден при­каз на ед­на ре­ал­ност што е мно­гу под­ла­бо­ка и еден при­стап што е по­ве­ќес­ло­ен.

 

frederik-begbede-3

Се­ко­гаш уни­ка­тен во те­ми­те… Го при­ка­жу­ва­те „жи­во­тот без шмин­ка“…

Бег­бе­де: Зад мо­јот ро­ман „399“ стои иста­та при­каз­на. Са­кав да на­пи­шам ро­ман во кој ќе го кри­ти­ку­вам све­тот на мар­ке­тин­гот, на рек­ла­ми­те итн. Но, по­тоа са­ма­та кни­га ста­на еден памф­лет на се­то по­тро­шу­вач­ко оп­штес­тво, на си­те пре­те­ру­ва­ња што се пра­ват во пог­лед на по­тро­шу­вач­ка­та, про­даж­ба­та, ку­пу­ва­ње­то… Са­кав тоа да би­де кри­ти­ка кон оп­штес­тво­то. Со неа ја по­ка­жав ап­сурд­но­ста на на­ше­то жи­ве­е­ње. Исто­то ова мо­же да се нај­де и во мо­јот ро­ман „Про­зо­рец кон све­тот“, ка­де што ед­но се­мејс­тво од три чле­на спо­кој­но се­ди во еден ре­сто­ран сме­стен на нај­гор­ни­от кат од ед­на ку­ла… Одед­наш во нив­ни­от жи­вот на­сил­но ќе вле­зе по­ли­ти­ка­та. Би­деј­ќи, во су­шти­на, те­ро­риз­мот е по­ли­ти­ка пре­тво­ре­на во убис­тво. И во мо­јот пос­ле­ден ро­ман „Уна и Се­лин­џер“ има еден сли­чен при­стап, ка­де што се­то тоа мно­гу спо­кој­но и кул поч­ну­ва во еден но­ќен клуб, во Њу­јорк, во 1940 го­ди­на, и одед­наш Вто­ра­та свет­ска вој­на се по­ја­ву­ва ка­ко ре­ал­ност, ко­ја ќе ги раз­де­ли два­та глав­ни ли­ка и ќе ја уни­шти љу­бо­вта. Мо­и­те ро­ма­ни се­ко­гаш поч­ну­ва­ат мош­не ед­но­став­но за по­тоа да ја по­ка­жат по­ши­ро­ка­та сли­ка.

 

Мо­же­би за­тоа се тол­ку ус­пеш­ни…

Бег­бе­де: Се ве­ли де­ка до­бри­от пи­са­тел се­ко­гаш ја по­вто­ру­ва иста­та кни­га. Во мо­јот слу­чај би мо­же­ло да се ка­же де­ка сум од­ли­чен пи­са­тел, би­деј­ќи се­кој­пат ја по­вто­ру­вам таа при­каз­на, од­нос­но лу­ѓе кои не мо­жат до крај да оста­нат ле­жер­ни ка­ко што се.

Во оваа ли­ни­ја би мо­жел да се ста­ви и мо­јот филм „Иде­ал“ во кој глав­ни­от лик е во Мос­ква и жи­вее мош­не удо­бен жи­вот. Тој е ло­вец на та­лен­ти­ра­ни мо­де­ли и не­го­ва за­да­ча е да нај­де мла­ди уба­ви де­вој­ки, кои по­на­та­му би би­ле вклу­че­ни во мод­на­та ин­ду­стри­ја. Но, одед­наш тој поч­ну­ва да се пре­ис­пи­ту­ва се­бе­си и да се бун­ту­ва про­тив тој свет на мо­да­та, кој на лу­ѓе­то им на­мет­ну­ва мо­де­ли на мла­дост, на уба­ви­на, на ус­пеш­ност, ка­де што, всуш­ност, на кра­јот оста­ну­ва­ат за­ро­бе­ни.

 

Во про­це­сот на пи­шу­ва­ње што е по­важ­но: на­ра­ци­ја­та или при­каз­на­та?

Бег­бе­де: Не е тол­ку важ­но да­ли ќе нај­де­те до­бра при­каз­на за да ја рас­ка­же­те, ту­ку, ед­но­став­но, кол­ку и ка­ко ќе ус­пе­е­те се­то тоа да го ор­га­ни­зи­ра­те, од­нос­но кол­ка­ва до­за на им­про­ви­за­ци­ја или ор­га­ни­за­ци­ја ќе ста­ви­те во пи­шу­ва­ње­то. Јас сум и кни­же­вен кри­ти­чар. Раз­го­ва­ра­ме во оваа биб­ли­о­те­ка ги гле­дам си­те овие кни­ги и за не­кои авто­ри мо­же да ре­чам де­ка се до­бри на­ра­то­ри или има­ат до­бра при­каз­на, но прем­но­гу вни­ма­ние по­све­ту­ва­ат на ди­на­ми­ка­та на са­ми­от рас­каз, до­де­ка во пи­шу­ва­ње­то тре­ба да се нај­де ед­на до­бра рам­но­те­жа ме­ѓу ди­на­ми­ка­та и оде­ње­то во де­та­ли во са­ми­от стил. Ако, пак, оди­те прем­но­гу во де­та­ли, за­бо­ра­ва­те на ди­на­ми­ка­та на рас­ка­зот и по­втор­но не­ма до­бар ре­зул­тат. Та­ка што тај­на­та е во до­бра­та из­ба­лан­си­ра­ност. Не­ко­гаш мо­же да се слу­чи по цел ден пи­шу­ва­ње да би­де­те за­до­вол­ни со сра­бо­те­но­то. По не­кол­ку не­де­ли, ко­га ќе се на­вра­ти­те на таа стра­ни­ца и уба­во ќе ја про­чи­та­те, ќе ви­ди­те де­ка тоа, мо­же­би, е најз­до­дев­ни­от дел од ва­ша­та кни­га.

 

Ве на­ре­ку­ва­ат иде­о­ло­шко де­те на Ми­шел Уел­бек и нај­до­бар пи­са­тел на но­ва­та кни­жев­на сце­на во Фран­ци­ја…

Бег­бе­де: Без не­ка­кви пре­тен­зии, ако са­ка­ме да про­го­во­ри­ме за исто­ри­ја­та на кни­жев­но­ста би мо­ра­ле да ка­же­ме де­ка ток­му но­ви­от ро­ман бе­ше еден ќор-со­как. Ов­де се на­до­вр­зу­вам на тоа што го го­во­рев прет­ход­но. Тоа е ед­на игра со сти­лот, ед­но пре­те­ру­ва­ње со сти­лот во од­нос на рас­ка­зот или на­ра­ци­ја­та. И од тие при­чи­ни, тоа се по­ка­жа ка­ко не­ус­пеш­но. За­ед­но со Ми­шел Уел­бек и не­го­ви­от ро­ман „Еле­мен­тар­ни че­стич­ки“, кој бе­ше об­ја­вен во 1998 го­ди­на, сме­там де­ка за­ед­но се на­вра­ќа­ме кон рас­ка­зот и кон на­ра­ци­ја­та. На не­кој на­чин, во смис­ла на бал­за­ков­ска тра­ди­ци­ја се на­вра­ќа­ме на кла­сич­ни­от ро­ман, ка­де што сти­лот е ва­жен, но ние, на­ви­сти­на, ви рас­ка­жу­ва­ме при­каз­на. Во мо­е­то пи­шу­ва­ње јас бев инс­пи­ри­ран од Ми­шел Уел­бек, но и од мно­гу аме­ри­кан­ски авто­ри. Бев инс­пи­ри­ран од при­ста­пот во кој се опи­шу­ваа обич­ни ра­бо­ти… да опи­ше­ме ае­ро­дром, да го­во­ри­ме со ја­зи­кот на те­ле­ви­зи­ја­та, да ко­ри­сти­ме изре­ки од рек­ла­ми­те… и од се­то тоа да на­пра­ви­ме кни­жев­ност. Сме­там де­ка ние на­пра­вив­ме че­кор на­пред во од­нос на но­ви­от ро­ман што бе­ше искус­тво кое по не­кое вре­ме, на не­кој на­чин, ве­ќе поч­на да се вр­ти во круг. И со тоа мис­лам де­ка ја осо­вре­ме­нив­ме кни­жев­но­ста.

frederik-begbede-2

Чи­та­ње­то е мош­не важ­но за Вас…

Бег­бе­де: Ко­га поч­нав да го пи­шу­вам „Фран­цу­ски ро­ман“ мо­јот авто­би­о­граф­ски ро­ман во кој го­во­рам за мо­е­то дет­ство и за мо­е­то се­мејс­тво, јас, се раз­би­ра, не го чи­тав Жан Жак Ру­ско, кој е пар ексе­ланс авто­би­о­граф, ту­ку оти­дов на На­та­ли Са­рот, Жорж Пе­рек, „Збо­ро­ви­те“ од Жан Пол Сартр… Се­ко­гаш пи­шу­ва­ме поч­ну­вај­ќи од се­то тоа што ни прет­хо­де­ло. Јас три го­ди­ни бев ди­ре­ктор на из­да­вач­ка­та ку­ќа „Фла­ма­ри­он“ во Фран­ци­ја и имав мно­гу мла­ди авто­ри на кои по­сто­ја­но им ве­лев: „Не сте чи­та­ле до­вол­но. Тре­ба по­ве­ќе да чи­та­те. Чи­тај­те сѐ. Мо­ра мно­гу да чи­та­те за да ус­пе­е­те да по­стиг­не­те не­што. Сме­та­те де­ка сте наш­ле не­ко­ја ори­ги­нал­на иде­ја, но, во су­шти­на, таа е ве­ќе 400 па­ти ја на­пи­ша­ле или ја обра­бо­ти­ле на мно­гу по­до­бар на­чин лу­ѓе што одам­на по­чи­на­ле. По­сто­јат мно­гу при­чи­ни за да чи­та­те, но ед­на од при­чи­ни­те е за да про­ве­ри­те да­ли тоа што сте го на­пи­ша­ле е ори­ги­нал“.

 

Го про­мо­ви­ра­те ро­ма­нот „Уна и Се­лин­џер“ – при­каз­на про­тка­е­на со мно­гу сре­ќа, но и со мно­гу та­га… Го­во­ри­те за ед­но вре­ме ко­га пи­са­те­ли­те имаа ста­тус… Ка­ко да жа­ли­те за тоа?

Бег­бе­де: Не­ма да се жа­лам би­деј­ќи еве де­не­ска сум ов­де и се срет­ну­вам со мно­гу чи­та­те­ли и по­чи­ту­ва­чи на кни­жев­но­ста, го­во­рам со вас… Ако са­ка­те сла­ва или пре­стиж мо­же да се по­ја­ву­ва­те на те­ле­ви­зи­ја, да го­во­ри­те за кни­жев­ност…Оваа та­га сме­там де­ка е по­ра­ди тоа што сум по мал­ку љу­бо­мо­рен на таа епо­ха. Де­не­ска пи­са­те­лот го не­ма тој ста­тус што го имал еден Ер­нест Хе­мин­гвеј, еден Скот Фиц­џе­ралд, а да не оди­ме уште по­на­зад, еден Ви­ктор Иго. На по­гре­бот на Иго има­ло еден ми­ли­он лу­ѓе и прет­ста­ву­ва­ло Вуд­сток на сво­е­ви­ден на­чин. Се­ко­гаш сте љу­бо­мор­ни на прет­ход­на­та ге­не­ра­ци­ја, се­ко­гаш мис­ли­те де­ка ва­ши­те ро­ди­те­ли или пра­де­дов­ци се за­ба­ву­ва­ле по­ве­ќе од нив. И Шарл Бод­лер во кни­га­та „Со­го­ле­но ср­це“ ве­ли де­ка е го­то­во, по­е­зи­ја­та е мр­тва, ве­ќе не­ма пи­са­те­ли… итн, а де­не­ска ние на­и­зуст ги учи­ме не­го­ви­те пес­ни.

 

На са­е­ми­те на кни­га око­лу вас по­сто­ја­но се со­би­ра мно­гу на­род. Вие сте по­пу­ла­рен автор. Ка­ко гле­да­те на тоа?

Бег­бе­де: Са­е­ми­те се до­бра мож­ност да срет­не­те мно­гу ва­ши чи­та­те­ли. Са­е­ми­те ја хра­нат нар­ци­со­ид­но­ста на авто­рот би­деј­ќи по сред­би­те со тол­ку мно­гу чи­та­те­ли его­то рас­те, но ту­ка е и фе­ти­шиз­мот на чи­та­те­ли­те што до­а­ѓа­ат и ба­ра­ат пот­пис од пи­са­те­лот. Но, за ме­не ви­стин­ско­то за­до­волс­тво е чи­та­ње­то кни­ги, сам, до­ма, и до­кол­ку си за­до­вол­ни од кни­га­та да му на­пи­шеш на авто­рот. Од тоа не­ма по­го­ле­мо за­до­волс­тво.

Во „Љу­бо­вта трае три го­ди­ни“ се чи­ни де­ка на­ви­сти­на сме­та­те де­ка трае тол­ку, но на кра­јот оста­ва­те про­стор… Ќе на­пи­ше­те „љу­бо­вта е единс­тве­на­та про­гра­ми­ра­на из­ма­ма, единс­тве­на­та пред­вид­ли­ва не­сре­ќа на ко­ја ѝ се вра­ќа­ме, ко­ја по­втор­но и по­втор­но ја ба­ра­ме“. Да­ли е ова Ва­ша­та де­фи­ни­ци­ја за љу­бо­вта? Што прет­ста­ву­ва таа за Вас? Ка­ко гле­да­те се­га на ова?
Бег­бе­де: Ин­те­рес­но е што ток­му же­ни­те го по­ста­ву­ва­ат тоа пра­ша­ње за­тоа што сме­та­ат де­ка три го­ди­ни е пре­мал­ку, до­де­ка ма­жи­те сме­та­ат де­ка е прем­но­гу. Пр­ви­от дел го од­брав мал­ку его­и­стич­но, за­тоа што мо­јот прв брак тра­е­ше три го­ди­ни, но по­доц­на, отка­ко се оби­дов мал­ку да се ин­фор­ми­рам и врз ос­но­ва на по­да­то­ци од об­ла­ста на хе­ми­ја­та, би­о­ло­ги­ја­та, ста­ти­сти­ка­та се гле­да де­ка е утвр­де­но де­ка тоа е ток­му пер­и­о­дот кол­ку што би тре­ба­ло да трае љу­бо­вта. По­доц­на го сни­мив и фил­мот и та­му про­дол­жив да си го по­ста­ву­вам исто­то пра­ша­ње и не ус­пе­ав да до­би­јам од­го­вор да­ли љу­бо­вта, на­ви­сти­на, трае три го­ди­ни, но сме­там де­ка се ме­ну­ва­ме, ста­ре­е­ме, по из­вес­но вре­ме не сме исти­те и не би тре­ба­ло да би­де­ме таж­ни ко­га ќе дој­де кра­јот за­тоа што са­ми­те ние не сме исти­те од по­че­то­кот на љу­бо­вта. Тој ро­ман е на­пи­шан во 1997 го­ди­на, а де­не­ска е 2017 го­ди­на. Мо­же­би љу­бо­вта трае са­мо три го­ди­ни, ама кни­га­та, еве, сѐ уште трае. Нас­ло­вот на кни­га­та бе­ше од­лич­но од­бран и тоа по­сто­ја­но се по­твр­ду­ва би­деј­ќи тој тре­ба да пре­диз­ви­ку­ва пра­ша­ња, ди­ску­сии… а најм­но­гу од сѐ да ја пот­тик­не жел­ба­та да се отво­ри кни­га­та и да се про­чи­та.

Разговараше: Невена Поповска
(Текст објавен во 244. број на неделникот „Република“, 5.5.2017)

Top