четврток, 22 јуни 2017 | Вести денес: 98 ново

Искривената карлица е причина за сите проблеми со ’рбетниот столб

Ако те­ло­то не е во рам­но­те­жа, на­ста­ну­ва­ат на­ру­шу­ва­ња од раз­но­ви­ден ка­ра­ктер, кои, пак, мо­же да пре­диз­ви­ка­ат акут­ни и хро­нич­ни за­бо­лу­ва­ња. Пре­ку оваа те­ра­пи­ја, тие се ели­ми­ни­ра­ат или уб­ла­жу­ва­ат

Дол­го­то се­де­ње, ло­шо­то др­же­ње на те­ло­то, дол­го­то вре­ме пред комп­ју­тер или пред те­ле­ви­зор по­ми­на­то во не­пра­вил­на по­лож­ба, на­ма­ле­на­та фи­зич­ка актив­ност, не­пра­вил­на­та ис­хра­на, ка­ко и пре­ку­мер­на­та те­лес­на те­жи­на се са­мо не­кои од фа­кто­ри­те по­ра­ди кои рас­те бро­јот на де­фор­ми­те­ти на ’рбет­ни­от столб. Искри­ве­на кар­ли­ца е при­чи­на за си­те проб­ле­ми со ’рбет­ни­от столб, ве­ли Ѓо­ко Ко­ко­лан­ски, ли­цен­ци­ран те­ра­певт за ја­пон­ска­та ма­са­жа ју­ме­и­хо. Јумeихо е офи­ци­јал­на те­ра­пи­ја за­ста­пе­на во Ја­по­ни­ја, Ки­на, Ма­ле­зи­ја, Ку­ба, а се при­ме­ну­ва во ре­чи­си си­те европ­ски др­жа­ви (Ав­стри­ја, Бел­ги­ја, Гер­ма­ни­ја, Фран­ци­ја, Фин­ска, Ита­ли­ја, Хо­лан­ди­ја, Ве­ли­ка Бри­та­ни­ја). Од зем­ји­те во ре­ги­о­нот ја има во Бу­га­ри­ја, Ср­би­ја, Гр­ци­ја, Хр­ват­ска. Оваа ма­са­жа е на­ме­не­та за си­те што има­ат проб­ле­ми со ’рбе­тот, кол­ко­ви­те и со кар­ли­ца­та. Мо­же да се при­ме­ну­ва и кај де­ца, осо­бе­но кај оние што има­ат проб­ле­ми со де­фор­ми­те­ти на ло­ко­мо­тор­ни­от апа­рат.

Ка­ков вид ма­са­жа, од­нос­но те­ра­пи­ја е ју­ме­и­хо?

КО­КО­ЛАН­СКИ: Ју­ме­и­хо прет­ста­ву­ва те­ра­пев­тска ме­то­да зас­но­ва­на врз ос­но­ва на ма­ну­ел­ни дејс­тви­ја из­вр­ше­ни врз чо­веч­ко­то те­ло со цел одр­жу­ва­ње и по­до­бру­ва­ње на здрав­је­то на лу­ѓе­то. Тоа не е са­мо ма­са­жа, ту­ку ком­би­на­ци­ја од ма­са­жа, истег­ну­ва­ња и ме­сте­ње. Ју­ме­и­хо прет­ста­ву­ва це­лос­на те­ра­пи­ја на чо­веч­ко­то те­ло, ста­вај­ќи ги во фо­кус рам­но­те­жа­та на те­ло­то и си­ме­три­ја­та на кар­лич­ни­те ко­ски. Искри­ве­на кар­ли­ца е при­чи­на за си­те проб­ле­ми со ‘рбет­ни­от столб. Име­но, до­кол­ку те­ло­то не е во рам­но­те­жа, на­ста­ну­ва­ат на­ру­шу­ва­ња од раз­но­ви­ден ка­ра­ктер, кои, пак, мо­же да пре­диз­ви­ка­ат акут­ни и хро­нич­ни за­бо­лу­ва­ња. Пре­ку оваа те­ра­пи­ја, тие се ели­ми­ни­ра­ат или уб­ла­жу­ва­ат. Таа дејс­тву­ва бр­зо и ефи­кас­но, при­до­не­су­ва за соз­да­ва­ње ба­ланс по­ме­ѓу жи­вот­ни­те си­ли во ор­га­низ­мот, го зго­ле­му­ва иму­ни­те­тот и по­ма­га при умс­твен и фи­зич­ки за­мор. Те­ло­то ста­ну­ва по­е­ла­стич­но и по­ви­то. По­ра­ди ком­би­на­ци­ја­та (ма­са­жа, истег­ну­ва­ње и ме­сте­ње) е мно­гу до­бро при­фа­те­на. Тие што до­а­ѓа­ат на ма­са­жа уште по пр­ви­от трет­ман, ве­лат де­ка се чув­ству­ва­ат по­от­пу­ште­но или де­ка бол­ка­та е по­ма­ла.

За ко­го е на­ме­не­та оваа ста­ра древ­на ја­пон­ска те­ра­пи­ја? Па­ци­ен­ти со ка­кви ди­јаг­но­зи нај­че­сто до­а­ѓа­ат кај вас?

КО­КО­ЛАН­СКИ: Имај­ќи го пред­вид тоа де­ка во де­неш­ни­от на­чин на жи­вот мно­гу се се­ди, те­ра­пи­ја­та е до­бра за си­те, од де­ца до ста­ри ли­ца. Јас не би ги на­ре­кол па­ци­ен­ти, тоа е за во ор­ди­на­ци­ја, а ние сме обу­че­ни за ју­ме­и­хо те­ра­пи­ја, но, се­пак, не сме ле­ка­ри. На­ме­не­та е за си­те што свес­но се гри­жат за сво­е­то те­ло и за сво­е­то здрав­је, пре­вен­тив­но, за си­те спор­ти­сти, кои до­пол­ни­тел­но ги акти­ви­ра­ат му­ску­ли­те и има­ат по­тре­ба од ма­са­жи и те­ра­пии. Оваа те­ра­пи­ја е мно­гу ко­рис­на и за бре­ме­ни же­ни би­деј­ќи тие че­сто има­ат проб­ле­ми со гр­бот по­ра­ди те­жи­на­та на сто­ма­кот. Исто та­ка, на­ме­не­та е за си­те што има­ат проб­ле­ми со ’рбе­тот, кол­ко­ви­те и со кар­ли­ца­та, со бол­ки во вра­тот,вко­ча­не­тост, не­пра­вил­но др­же­ње на те­ло­то, бол­ки ме­ѓу ре­бра­та, иши­јас, лум­бал­ги­ја, ло­ша цир­ку­ла­ци­ја, рев­ма, вр­тог­ла­ви­ци, мул­тип­лекс скле­ро­за, ди­ско­па­ти­ја, ди­скус хер­ни­ја. До­а­ѓа­ат служ­бе­ни­ци, ин­фор­ма­ти­ча­ри, но­ви­на­ри, кои со ча­со­ви се пред комп­ју­тер, про­фе­си­о­нал­ни во­за­чи и во­за­чи на град­ски авто­бу­си, кои со ча­со­ви се зад во­лан, учи­лиш­ни де­ца со искри­ву­ва­ње на ’рбе­тот, стран­ци кои ги пра­кти­ку­ва­ле трет­ма­ни­те во нив­ни­те зем­ји, па са­ка­ат да ги про­дол­жат.

Кол­ку вре­ме тра­ат трет­ма­ни­те со ма­са­жа­та ју­ме­и­хо?

КО­КО­ЛАН­СКИ: Еден трет­ман има око­лу 100 ма­саж­ни ма­ни­пу­ла­ции со кои се ан­га­жи­ра це­ла­та стру­кту­ра на чо­веч­ко­то те­ло и обич­но трае око­лу 45 ми­ну­ти. Бро­јот на трет­ма­ни­те е раз­ли­чен би­деј­ќи се­кој ор­га­ни­зам ре­а­ги­ра ин­ди­ви­ду­ал­но. Има слу­чаи ко­га са­мо два до три трет­ма­ни се до­вол­ни, а при дру­ги се по­треб­ни де­се­ти­ци за да се по­стиг­не ус­пех.

gjoko-kokolanski-zdr244-2

Да­ли по­стои огра­ни­чу­ва­ње, има ли па­ци­ен­ти со ди­јаг­но­зи што не сме­ат да ја пра­кти­ку­ва­ат оваа ма­са­жа?

КО­КО­ЛАН­СКИ: Нај­че­ста кон­тра­ин­ди­ка­ци­ја е при кож­ни бо­ле­сти. Тре­ба да се знае де­ка оваа те­ра­пи­ја се при­ме­ну­ва са­мо на здра­ва ко­жа. Ју­ме­и­хо не се при­ме­ну­ва кај лу­ѓе со па­ра­зи­ти или вос­па­ле­ни­ја на ко­жа­та, га­бич­ни ин­фек­ции, псо­ри­ја­за, чи­ро­ви, из­го­ре­ни­ци или дру­ги па­то­ло­шки бо­ле­сти кои мо­же да се ра­ши­рат или да пре­диз­ви­ка­ат тру­е­ње. Те­ра­пи­ја­та не се при­ме­ну­ва на вос­па­ле­на ко­жа и на ко­жа на ко­ја во ско­ро вре­ме е из­вр­ше­на опе­ра­ци­ја и тки­во­то сѐ уште не е заз­дра­ве­но. Ју­ме­и­хо се из­бег­ну­ва за вре­ме на мен­стру­а­ци­ја, осо­бе­но ако е во пра­ша­ње обил­на мен­стру­а­ци­ја (хи­пер­ме­но­ре­ја). Те­ра­пи­ја­та не е пре­по­рач­ли­ва при акут­но тру­е­ње од кој би­ло вид, по­тоа со­стој­ба на гроз­ни­ца, ко­ске­но или ин­фе­ктив­но за­бо­лу­ва­ње (осте­тис, осте­о­ми­ли­тис, ар­три­тис), нор­мал­на или акут­на осте­о­по­ро­за, раз­лич­ни ло­ка­ли­зи­ра­ни ви­до­ви ту­бер­ку­ло­за кај диш­ни­те ор­га­ни, ко­ски­те и ко­жа­та, акут­ни ср­це­ви за­бо­лу­ва­ње: ан­ги­на пе­кто­рис, ми­о­кар­ди­ја­лен ин­фаркт, арит­ми­ја, ср­це­ви ма­ни, ане­вриз­ми, раз­ни ло­кал­ни ем­бо­лиз­ми, ар­те­ри­ска хи­пер­тен­зи­ја; акут­ни на­ру­шу­ва­ња на диш­ни­те па­ти­шта; ате­роск­ле­зо­ра со пер­и­фер­на и цен­трал­на ма­ни­фе­ста­ци­ја (ср­це­ва, мо­зоч­на и црев­на). Те­ра­пи­ја­та ју­ме­и­хо, исто та­ка, не се пре­по­ра­чу­ва при на­ру­шу­ва­ње на ди­ге­стив­ни­от тракт (га­стри­тис, црев­но на­ру­шу­ва­ње, хе­па­ти­тис, проб­лем со жолч­ка или пан­кре­ас, во слу­чај на кр­ва­ве­ње од чир, Кро­но­ва бо­лест, вос­па­ле­ние на чир), бо­ле­сти на кр­вта по­вр­за­ни со кр­ва­ве­ње или скло­ност кон кр­ва­ве­ње (се­ри­о­зен проб­лем со ка­пи­ла­ри­те), се­ри­оз­на тра­у­ма (екси­мо­за); ди­скус хер­ни­ја при­дру­же­на со ја­ки бол­ки, ка­ко и си­те ви­до­ви ма­лиг­ни за­бо­лу­ва­ња во ко­ја би­ло фа­за (освен ако не е пре­по­ра­ча­на од стра­на на он­ко­лог).

Ка­де сте се обу­чу­ва­ле за оваа те­ра­пи­ја?

КО­КО­ЛАН­СКИ: Јас обу­ки­те ги имав ту­ка во Ма­ке­до­ни­ја од ов­ла­сте­но ли­це од Ме­ѓу­на­род­ни­от ин­сти­тут по пре­вен­тив­на ме­ди­ци­на за ју­ме­и­хо во То­кио, Ја­по­ни­ја. За изу­чу­ва­ње на оваа тех­ни­ка е по­треб­но вре­ме, по­све­те­ност и мно­гу пра­кти­ка. Тех­ни­ка­та е по­де­ле­на на се­дум ни­воа, кај нас мо­же да се зе­мат до тре­ти сте­пен, а пос­ле за се­кој сте­пен се оди во То­кио. По се­кое зе­ме­но ни­во се ба­ра две го­ди­ни ра­бот­но искус­тво, тоа се пра­ви­ла што се по­чи­ту­ва­ат. Тоа е дол­га обу­ка и не е евти­на, а зна­е­ње­то се про­ве­ру­ва.

Ра­сте бро­јот на де­ца со ско­ли­о­за и со ки­фо­за. Да­ли има­те и па­ци­ен­ти со искри­вен ‘рбет?

КО­КО­ЛАН­СКИ: Да, за жал, ре­ал­но­ста е та­ква. Бр­зи­от на­чин на жи­вот и по­ми­ну­ва­ње­то мно­гу ча­со­ви пред комп­ју­тер до­ве­доа до за­гри­жу­вач­ко зго­ле­му­ва­ње на бро­јот на де­ца со де­фор­ми­те­ти на р’бет­ни­от столб. Не­пра­вил­но­то се­де­ње, ло­шо­то др­же­ње на те­ло­то, дол­го вре­ме пред комп­ју­тер или пред те­ле­ви­зор во не­пра­вил­на по­лож­ба, на­ма­ле­на­та фи­зич­ка актив­ност, не­пра­вил­на­та ис­хра­на, ка­ко и пре­ку­мер­на­та те­лес­на те­жи­на се са­мо не­кои од фа­кто­ри­те на де­неш­ни­ца­та што до­ве­доа до ра­пид­но зго­ле­му­ва­ње на бро­јот на де­ца со де­фор­ми­те­ти на ’рбет­ни­от столб. Страш­но е што тоа се учи­лиш­ни де­ца, кои во клу­пи­те вле­гу­ва­ат ис­пра­ве­ни или со ма­ли де­фор­ми­те­ти, а пос­лед­на­та го­ди­на из­ле­гу­ва­ат от­та­му со ви­сок про­цент на де­фор­ми­тет на рбе­тот. Но, до­бро е што по­ра­ди го­ди­ни­те, кај нив те­ло­то е по­кре­вко и вед­наш мо­же да се вли­јае и да се спре­чи по­го­лем проб­лем. На тоа тре­ба да вни­ма­ва­ат ро­ди­те­ли­те. За­тоа кај де­ца­та те­ра­пи­ја­та има од­ли­чен ефект. Пре­вен­ци­ја­та и на­вре­ме­но­то ди­јаг­но­сти­ци­ра­ње се глав­но­то оруж­је во бор­ба­та про­тив вро­де­ни­те или стек­на­ти­те де­фор­ми­те­ти на ло­ко­мо­тор­ни­от апа­рат (ско­ли­о­за, ки­фо­за, лор­до­за, рам­ни ста­па­ла,X но­зе, О но­зе и др.).

Има ли де­фор­ми­те­ти кои со те­ра­пи­ја­та ју­ме­и­хо мо­же да се из­ле­чат за­се­ко­гаш?

КО­КО­ЛАН­СКИ: Ме­то­дот пр­во ги ре­ша­ва проб­ле­ми­те со ор­то­пед­ски ка­ра­ктер. Има­ме по­зи­тив­но искус­тво со ис­пра­ву­ва­ње на ‘рбе­тот (ско­ли­о­за, ки­фо­за, лор­до­за), ди­ско­па­ти­ја, из­ме­сте­ни згло­бо­ви, нерв­ни на­пре­га­ња, ло­ша цир­ку­ла­ци­ја, лум­бал­ги­ја, иши­јал­ги­ја, рев­ма и др. Уште ед­наш ќе наг­ла­сам, мно­гу е важ­но на­вре­ме да се пре­зе­мат мер­ки, уште при пр­ва­та бол­ка или сом­неж за не­кој вид де­фор­ми­тет, а не не­кој да се до­ве­де во си­ту­а­ци­ја да не мо­же да се ис­пра­ви, па ду­ри по­тоа да ба­ра по­мош.

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска
Фото: Александар Ивановски
(интервјуто е објавено во 244. број на неделникот Република кој излезе во печат на 5.5.2017)

Top