сабота, 27 мај 2017 | Вести денес: 55 ново

Како да дознаете дека работата го уништува вашиот живот?

Животот толку често не окупира да не забележуваме многу очигледни работи, а една од нив е и фактот дека работиме работа која е штетна од нас или дека некој полека ни ја презема приватноста. „Бизнис инсајдер“ објави пет основни знаци дека работата го уништува вашиот живот како би ги увиделе на време и промениле нешто во ваша корист.

Колегите ви се на прво место, пред пријателите и семејството

Убаво е кога имате добар и убав однос со колегите и кога некои од нив станат ваши пријатели. Сепак, мора да имате живот надвор од работата. Многу е важно да ги негувате своите основни релации со пријателите од детството и од школувањето како и да посветувате време на своето семејство. Пријателствата од работа се прекрасни, но ретко опстануваат откако некој ја прамени работата.

Задоволството на работа ја условува вашата целокупна среќа во животот

Работата е ваша обврска и ја доживувате така, без многу емоции. Остатокот од животот треба да го поминете што подобро, исполнето и можно посреќно. Не дозволувајте суетни и негативни луѓе од работа или пропаднат проект да ви го уништат денот и целокупното расположение.

Имате проблеми со спиењето

Доколку не спиете добро ќе бидете нервозни цел ден и полека ќе ви паѓа имунитетот што на подолг период може сериозно да ве загрози. Доколку имате проблеми да заспиете размислете за тоа дали причина е работата и грижата околу тоа дали се ќе успеете и дали ќе стигнете на сите состаноци кои ве чекаат наредниот ден.

Не можете да престанете да мислите за работата надвор од работата

Ова е црвен аларм кој говори дека што поскоро мора да се менувате или себе си или работата. Работата е само дел од животот, а вистинскиот живот е надвор од неа. Доколку често мислите на работата вие сте под голем притисок и тензии, а тоа за жал многу лошо може да се одрази на вашето здравје, како физичко така и ментално. Морате да го исполните својот живот и со други содржини.

Кампувате на работната маса

Нормално е дека во работната околина имате неколку работи кои не се во врска со работата како што се шише вода, фотографија, ужина, во женски случај штикли за состаноци и така натака…Доколку почнете да забележувате дека вашата работна маса полека станува ваша спална соба под итно размислете во што е проблемот. Тоа е основен показател дека работата нездраво како болест се шири во вашиот живот кој ви полека но сигурно го преместувате во вашата канцеларија.

Top