понеделник, 18 декември 2017 | Вести денес: 108 ново

Десетте најдобри места за патување, 6 од нив ни се на само еден лет од Скопје

За да им се помогне на туристите во изборот на дестинација за патување, порталот ТрипАдвисор состави список на најдобро оценети локации во светот.

На самиот врв на списокот се најде Бали, а она што е занимливо е дека зад ова земја не следат некои тропски дестинации за кои често пати сонуваме, туку најчестите светски метрополи, како Лондон, Њујорк и Париз.

Кога ќе се земе предвид нивната богата историја и неисцрпна уметничка, гастрономска и шопинг понуда, можеби тоа и не е толку изненадувачки.

Списокот на десетте најпосакувани дестинации за посета изгледаат вака:

1. Бали, Индонезија

2. Лондон, Велика Британија

3. Париз, Франција

4. Рим, Италија

5. Њујорк, САД

6. Крит, Грција

7. Барцелона, Шпанија

8. Сијем Рип, Камбоџа

9. Прага, Чешка

10. Пукет, Тајланд

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top