сабота, 27 мај 2017 | Вести денес: 55 ново

ФЗОМ: Битолчанецот кој бара донација за родителот нема поднесено барање за лекување во странство

Во врска со барањето за донација на осигуреното лице Н.Р.  од Битола за неговиот родител, ФЗОМ сака да ја информира јавноста дека осигуреното лице нема воопшто поднесено барање за лекување во странство, се вели во соопштението на Фондот за здравствено осигурвање на Македонија (ФЗОМ).

„ФЗОМ стапи во контакт со осигуреникот и му укажа каква е постапката за  да го оствари своето право на лекување во странство. Н.Р , т.е неговиот родител, нема конзилијарно мислење од соодветната универзитетска клиника каде се лечел, што е основен документ, за да може да ја започне постапката за лекување во странство. Од негова информација која ја добивме ни беше кажано дека тој се обратил до клиниката но се уште нема издадено конзилијарно мислење.

Фондот демантира дека постои документ со кој лекувањето ќе биде покриено 80% од сумата, па потоа бил повлечен. Фондот или одобрува лекување во странство и го покрива целосно, или не. Доколку се одобри лекувањето, осигуреницитие плаќаат само партиципација во висина од 12.000 денари, односно 200 евра, без оглед колку чини здравствената интервенција, која ја плаќа Фондот“ се вели во соопштението на ФЗОМ.

Top