понеделник, 18 декември 2017 | Вести денес: 34 ново

Како да ги отстраните пестицидите од овошјето и зеленчукот?

Пестицидите од овошјето и зеленчукот може да ги отстраните со помош на спреј кој е многу едноставен за подготовка.

Купете едно шише со распрскувач и измијте го. Ставете во него една лажичка цеден сок од лимон, два лажички оцет и 250 мл вода. Добро затворете го и силно промешајте за да се соединат состојките.

Потоа зеленчукот и овошјето треба да ги испрскате со таа мешавина и тие да отстојат десетина минути, па да ги измиете со млаз студена вода. Со чиста крпа или кујнска крпа избришете пред лупење и сечење. Откако ќе ги измиете, вкусот и мирисот од оцетот нема да се чувствува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top