понеделник, 21 август 2017 | Вести денес: 11 ново

Нови детали од мачењето жени-регрути во Германија: Ги терале голи да играат на шипка

Жените регрути во германската војска на редовна база морале да изведуваат стриптиз и да танцуваат околу шипка, како дел од понижувачките “регрутни тестови” и “тренинзи” во воената база во јужна Германија.
Извештајот за тоа бил направен во германската војска, а го пренесуваат Spiegel и DPA. Тие ги пренесуваат наводите на Никол Е., жена која била пратена во базата Фулендорф во покраината Баден Виртенберг.

Базата е во центарот на вниманието од крајот на јануари, кога било откриено дека сексуалното малтретирање и садистичките акции биле сосема вообичаени.

zeni-regruti-striptiz-baraka-01

Никол Е. наведува дека морала да игра околу шипка во бараки со војници. Шипката која обично може да се види во стриптиз клубови, била пронајдена во една од бараките, заедно со празни шишиња алкохол.

За време на тренинзите тренерите често ги допирале интимните делови на жените и вршеле нешто што се нарекувало “тест за мирис”. Тие поради оправдување на своите акции од регрутите барале да потпишат дека сето тоа го прават доброволно.

zeni-regruti-striptiz-baraka-02

Иако во извештајот се наведува дека ситуацијата може да се реши само со радикални промени, петмина тренери и надзорникот кои ја злоставувале Никол Е. само биле префрлени на други работни места.

Top