недела, 20 август 2017 | Вести денес: 58 ново

Од каква чинија да јадете ако сте на диета?

Голем број на луѓе се борат со прекумерната тежина и се обидуваат на разни начини да ги намалат килограмите. Меѓутоа, самиот процес на слабеење, заедно со вежбите и разните диети, може да биде многу мачен и долготраен.

Но, научниците откриле една едноставна метода која би можела да помогне во слабеењето, а се однесува на бојата на чинијата во која се сервира храната.

Имено, др.Чарлс Спенс, професор по експериментална психологија на Универзитетот Оксфорд, Д-р.Чарлс Спенс и автор на „Gastrophysics, The New Science of Eating,” вели дека бојата на чинијата има големо влијание на сетилото за вкус.

oriz rizoto

Ако јадеме брза храна, сервирана во црвена чинија ќе изедеме помалку, бидејќи црвената боја предизвикува некој вид чувство на опасност или сигнал за избегнување, што го намалува нашиот апетит. Ако јадеме храна сервирана на чинија во бела боја, таа ќе ни се чини послатка и ќе може да уживаме во десертот без додавање на поголеми количини на шеќер.

hrana meni

Во 2011 година направено е едно истражување во кое учесниците јаделе крем од јагоди во бели и црни чинии. Тие што јаделе од бели чинии сметале дека кремот е посладок и повкусен, отколу кога бил послужен во црни чинии. Заради белата боја можеме подобро да ја видиме храната, а на тој начин се будат сеќавањата на слатките гастрономски искуства. Мозокот ја памети храната што сме ја јаделе, како и бојата на чинијата.

Доктор Спенс се надева дека производителите ќе користат што помалку шеќер во своите производи, при што нема да мораат да го менуваат вкусот, затоа што тоа ќе можат да го постигнат со менување на бојата на амбалажата.

hrana pilesko so kompiri

Готовата храна се јаде директно од амбалажата. Ако храната биде сервирана на бела подлога и ако се намали количината на шеќер во неа, луѓето би имале чувство дека ја јадат истата храна што ја јаделе и порано. На тој начин би го имале истиот вкус, а не би внесувале голем број на калории.

Колку е поголем контрастот помеѓу бојата на храната и чинијата, толку луѓето ќе изедат помали порции.

Top