недела, 23 јули 2017 | Вести денес: 54 ново

Ердоган: Турција нема за што да разговара со ЕУ сѐ додека не се отворат нови поглавја во преговорите

erdogan

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека ЕУ треба да отвори нови поглавја во преговорачкиот процес за членството на Турција во ЕУ, бидејќи во спротивен случај Анкара нема за што да разговара со Унијата и ќе каже „до видување“, пренесоа британските медиуми.

Тој овие коментари ги даде откако еврокомесарот за проширување Јоханес Хан изјави дека Турција под раководната палка на претседателот Ердоган го свртела грбот за приклучувањето кон ЕУ.

-Од сега, па натаму нема други опции освен отворање на поглавјата кои досега не се отворени. Доколку не ги отворите, до видување, рече Ердоган на церемонијата по повод неговото враќање во владејачката Партија на правдата и развојот (АКП).

Top