понеделник, 24 јули 2017 | Вести денес: 0 ново

Тодоров: Насилството не смее да се оправда и да се повтори

Ова што беше демонстрирано беше едно политичко насилие и насилничка процедура онака како што некој размислува дека може да го направи по секоја цена и ова се гледаа од далеку дека беше однапред смислено сценарио, изјави Никола Тодоров во интервју за „Телевизија Нова“.

-Јас се плашам дури и дека СДСМ се втурнати во ова сценарио и дека СДСМ требаше да бидат жртви во ова сценарио и дека тој што го смислил ова сценарио ама баш му било гајле дали СДСМ ќе биде жртва и дали некој од пратениците ќе биде повреден. Сериозно се сомневам дека некој сакал да има повредени пратеници, да има повредени граѓани и да настане ваков конфликт за да не се збори за нелегитимноста на изборот, туку да се збори за конфликтот и наеднаш наместо сите очи да се вперени во нелегитимниот избор кое го нема во ниту една земја, ние зборуваме за едно насилничко однесување кое исто така не смее да се оправда и да се повтори, рече Тодоров.

nikola-todorov-nova

Тој вели и дека веќе две ипол години е очигледно дека некои центри на моќ прават обид за насилна смена на власта.

Top