понеделник, 24 јули 2017 | Вести денес: 0 ново

Некој се обидува ВМРО ДПМНЕ да ја прогласи за антиалбанска партија, што не е точно

Никола Тодоров, член на извршниот одбор на ВМРО ДПМНЕ вечерва гостуваше на „Телевизија Нова“ и оттаму порача дека партијата нема антиалбански ставови.

– Некој очајно се обидува ова да го наметне и изгради како перцепција. Ова е дел од целиот овој план, ова сценарио, ВМРО-ДПМНЕ да биде прогласена како партија која е антиалбанска против Албанците и им мисли лошо. Сто пати сме кажале дека тоа не е така, но тие што сакаат да ја креираат обратната перцепција тоа никогаш не го пренесоа – рече Тодоров.

– Не ги пренесуваат нашите ставови, напротив организираат дебати , вести во кои викаат ВМРО организира антиалбански протести во центарот на Скопје, што не е точно. Прво ВМРО не ги организирало, второ од она што можев да го видам тие воопштво не беа антиалбански. Но, намерно се креираше таква перцепција за да се направи уште поголем јаз меѓу ВМРО- ДПМНЕ и останатите албанските партии, несфаќајќи дека прават јаз меѓу Македонците и Албанците и тоа води кон меѓуетнички тензии, а со тоа нема играње. Тие што играат на оваа карта си играат со оган и тоа е крајно неодговорно, особено заради тоа што го прават ова за добивање на некои политички поени – вели Тодоров.

Top