среда, 18 октомври 2017 | Вести денес: 44 ново

Давор Стојановски, писател: Вреди да се пишува за секој читател

Се­кој ви­стин­ски пи­са­тел е на стра­на­та на прав­да­та и на ви­сти­на­та и тре­ба да се из­бо­ри за нив. Но, за жал, ре­тко кој го слу­ша нив­ни­от глас. Сме­там де­ка пи­са­те­ли­те се са­мо ли­ца што нај­че­сто оста­ну­ва­ат на мар­ги­ни­те ка­ко при­друж­ни ве­сти во де­лот за кул­ту­ра, што е ре­зул­тат на оп­шта­та кри­за на про­ду­хо­ве­но­ста во све­тот, сме­та Сто­ја­нов­ски

Да­вор Сто­ја­нов­ски (30) е ово­го­диш­ни­от до­бит­ник на на­гра­да­та „Ро­ман на го­ди­на­та“ на „Утрин­ски вес­ник“. Сто­ја­нов­ски ја до­би на­гра­да­та за сво­јот втор ро­ман „Со­би­ра­чи на пе­пел“ во из­да­ние на „Или-или“, а пред че­ти­ри го­ди­ни со „Не­нас­ло­ве­на ме­се­че­ва со­на­та“ вле­зе ме­ѓу нај­се­ри­оз­ни­те кон­ку­рен­ти за на­гра­да­та. Вре­ди да се пи­шу­ва за се­кој од­де­лен чи­та­тел иа­ко мал­ку е раз­о­ча­ру­вач­ки што чи­та­ње­то дра­стич­но опа­ѓа во на­ши­те сре­ди­ни. Но, вре­ди да се пи­шу­ва, ток­му за­тоа што има лу­ѓе на кои зна­еш де­ка ро­ма­нот им е со­ста­вен дел од жи­вот­на­та над­град­ба – ве­ли Сто­ја­нов­ски во раз­го­во­рот за „Ре­пуб­ли­ка“.

Че­сти­тки за на­гра­да­та „Ро­ман на го­ди­на­та“ за „Со­би­ра­чи на пе­пел“, кој е Ваш втор ро­ман. Пред че­ти­ри го­ди­ни со пр­ви­от ро­ман „Не­нас­ло­ве­на ме­се­че­ва со­на­та“ вле­го­вте ме­ѓу нај­се­ри­оз­ни­те кон­ку­рен­ти за оваа на­гра­да. Ка­ков ро­ман е „Со­би­ра­чи на пе­пел“?

СТО­ЈА­НОВ­СКИ: Би ре­кол де­ка е ди­на­ми­чен и со­вре­мен ро­ман со цвр­ста стру­кту­ра. Но­сеч­ки­от на­стан се од­ви­ва во еден ден (глав­ни­от лик прв­пат при­сус­тву­ва на по­греб), а си­те оста­на­ти пог­лав­ја се, всуш­ност, не­го­ви­те се­ќа­ва­ња од раз­лич­ни жи­вот­ни пер­и­о­ди, при што ни се за­гат­ну­ва и де­лум­но раз­о­ткри­ва ми­сте­ри­ја­та зад не­го­ви­те убе­ду­ва­ња. Ова е ро­ман за ед­на спе­ци­фич­на но­стал­ги­ја, кој ги оп­фа­ќа пра­ша­ње­то на вдо­ме­но­ста, раз­е­ди­ну­ва­ње­то од поз­на­ти­от свет, бег­ство­то од ми­на­то­то, ро­ман за отсут­но­ста и за при­пад­но­ста.

Глав­ни­от лик во „Со­би­ра­чи на пе­пел“, Ја­ков, е ти­пи­чен ег­зи­стен­ци­ја­ли­стич­ки лик. Пре­ку Ја­ков го­во­ри­те за оса­ме­но­ста и за не­мож­но­ста да се вос­по­ста­ват цвр­сти и ста­бил­ни вр­ски со бли­ски­те и со око­ли­на­та. Тол­ку ли е Скоп­је зач­ма­е­но?

СТО­ЈА­НОВ­СКИ: Сме­там де­ка при­каз­на­та на ли­кот и на са­ми­от ро­ман ги пре­ми­ну­ва гра­ни­ци­те на Скоп­је. Се ра­бо­ти за уни­вер­зал­на при­каз­на и те­ма­ти­ка, кои мис­лам де­ка би би­ле лес­но при­ем­ли­ви и во дру­ги сре­ди­ни. Во слу­ча­јот на „Со­би­ра­чи на пе­пел“, Скоп­је се по­ја­ву­ва (на еден на­чин) и ка­ко при­дру­жен лик, но тоа би мо­же­ло да би­де кој би­ло друг град. Се­пак, по­ра­ди мо­ја­та бли­скост до не­го (би­деј­ќи та­му сум ро­ден и израс­нат), нај­у­ба­во мо­жев да го до­ло­вам во на­ра­ци­ја­та. Дејс­тво­то на ро­ма­нот се од­ви­ва во по­ве­ќе го­ди­ни, кои беа до­вол­ни за да се до­ло­ви про­мен­ли­ви­от лик на гра­дот, ка­ко и се­то она што не­по­сред­но му се слу­чу­ва на ли­кот, заг­ла­вен во не­го. Мо­јот про­та­го­нист, мо­же­би, го до­жи­ву­ва Скоп­је ка­ко зач­ма­ен град, а јас би ре­кол и де­ка не е да­ле­ку од ви­сти­на­та. Во­оп­што, гра­дот во мно­гу ас­пе­кти до­би ка­ри­ка­ту­рал­ни цр­ти.

Davor-Stojanovski-2

Се по­ја­ви­ја ед­на но­ва ге­не­ра­ци­ја пи­са­те­ли и по­е­ти чи­и­што кни­ги се пе­ча­тат, се ку­пу­ва­ат, се пре­ве­ду­ва­ат и ста­ну­ва­ат дел од ан­то­ло­гии. До ко­га ќе се де­лат пи­са­те­ли­те на мла­ди и на ста­ри? Да­ли Ви пре­чи таа, ус­лов­но ка­жа­но, по­дел­ба?

СТО­ЈА­НОВ­СКИ: Ми пре­чи и мал­ку ме чу­ди. Имам 30 го­ди­ни и ре­чи­си ни­ко­гаш не про­пу­шта­ат да истак­нат де­ка сум млад. Не знам на ко­ја во­зраст се гу­би овој епи­тет и да­ли по­тоа сле­ду­ва друг (на при­мер: по­стар пи­са­тел). Отсе­ко­гаш сме­тав де­ка оваа при­да­вка се ко­ри­сти и ка­ко опо­ме­на, а не­ко­гаш мо­же да им слу­жи на одре­де­ни ли­ца и ка­ко ома­ло­ва­жу­ва­ње. Пред не­кое вре­ме, пак, во ед­на ста­ти­ја, за­бе­ле­жав де­ка еден пи­са­тел на приб­лиж­на во­зраст ка­ко мо­ја­та, не бе­ше на­пи­шан ка­ко пом­лад, за раз­ли­ка од ме­не, па тоа до­пол­ни­тел­но ме на­те­ра да по­мис­лам за при­ро­да­та на оваа ка­ра­кте­ри­за­ци­ја. Нај­пос­ле, де­ло­то е тоа што е важ­но и тре­ба да би­де во фо­кус при чи­та­ње­то и ана­ли­зи­ра­ње­то кни­жев­ност, а не авто­ри­те. Чо­век, ед­но­став­но, е пи­са­тел или не е тоа. Ква­ли­те­тен е – или не е. И ту­ка во­зра­ста не­ма ни­ка­ква уло­га.

Да­ли де­нес све­тот са­ка да го чуе гла­сот на пи­са­те­лот?

СТО­ЈА­НОВ­СКИ: Пи­са­те­ли­те одам­на го кре­ва­ат гла­сот про­тив си­те не­пра­вед­но­сти во мно­гу де­ло­ви од све­тот, а та­ка бе­ше и со пре­ду­пре­ду­ва­ња­та пред да се слу­чат го­лем број зла во Евро­па и по­ши­ро­ко пос­лед­ни­те го­ди­ни. Се­кој ви­стин­ски пи­са­тел е на стра­на­та на прав­да­та и на ви­сти­на­та, и тре­ба да се из­бо­ри за нив. Но, за жал, ре­тко кој го слу­ша нив­ни­от глас. Сме­там де­ка пи­са­те­ли­те се са­мо ли­ца што нај­че­сто оста­ну­ва­ат на мар­ги­ни­те ка­ко при­друж­ни ве­сти во де­лот за кул­ту­ра, што е ре­зул­тат на оп­шта­та кри­за на про­ду­хо­ве­но­ста во све­тот. А кај нас, во Ма­ке­до­ни­ја, ве­ру­вам и де­ка пер­цеп­ци­ја­та за авто­рот и за не­го­ва­та уло­га во оп­штес­тво­то е со­се­ма искри­ве­на.

Davor-Stojanovski-3

По­сто­јат ли ба­рем мал број лу­ѓе за­ра­ди кои вре­ди да се би­де пи­са­тел?

СТО­ЈА­НОВ­СКИ: Вре­ди да се пи­шу­ва за се­кој од­де­лен чи­та­тел иа­ко мал­ку е раз­о­ча­ру­вач­ки тоа што чи­та­ње­то дра­стич­но опа­ѓа во на­ши­те сре­ди­ни. Но, вре­ди да се пи­шу­ва, ток­му за­тоа што има лу­ѓе на кои зна­еш де­ка ро­ма­нот им е со­ста­вен дел од жи­вот­на­та над­град­ба. Огром­но е за­до­волс­тво­то ко­га ро­ма­нот ќе стиг­не до лу­ѓе кои ни­ко­гаш не си ги за­поз­нал. Се­пак, нај­у­ба­во е чув­ство­то ко­га де­ло­то ќе би­де про­чи­та­но и до­бро при­фа­те­но од чи­та­те­ли­те со истен­чен вкус и со по­и­зо­стрен кни­же­вен сен­зи­би­ли­тет. Отка­ко ќе ја на­пи­ше кни­га­та, авто­рот тре­ба да е горд на тоа што го на­пи­шал, ни­ко­гаш не тре­ба да го има за цел тоа кол­ку и кои лу­ѓе ќе го про­чи­та­ат. Спо­ред мо­е­то убе­ду­ва­ње, до­бра­та кни­га по­ра­но или по­доц­на ќе дој­де до пра­вил­ни­те ра­це и ќе си го нај­де ви­стин­ско­то ме­сто.

Из­ве­сен пер­и­од жи­ве­е­те во Ав­стри­ја. Што ра­бо­ти­те? Да­ли уште актив­но се за­ни­ма­ва­те и со му­зи­ка?

СТО­ЈА­НОВ­СКИ: Во мо­мен­тов пре­ве­ду­вам од сло­ве­неч­ки на ма­ке­дон­ски. Се оби­ду­вам и да го зго­ле­мам поз­на­ва­ње­то на гер­ман­ски­от ја­зик за да мо­жам по­до­бро да се ин­те­гри­рам во сфе­ри­те на оп­штес­тво­то за кои имам ин­те­рес. Се­ка­ко де­ка ни­ко­гаш не ја оста­вам му­зи­ка­та на­стра­на. Имам го­лем ма­те­ри­јал, кој во ид­ни­на би го сни­мил сам или со не­кој од прет­ход­ни­те бен­до­ви, а не­кои пес­ни би им ги дал и на дру­ги из­ве­ду­ва­чи.

Разговараше: Александра М. Бундалевска
Фото: Мо­ни­ка Сто­ја­нов­ска
(Текст објавен во 243. број на неделникот „Република“, 28.04.2017)

Top