вторник, 12 декември 2017 | Вести денес: 75 ново

Правда.рс: Западот најде квислинг да ја растури Македонија, но народот им застана на патот

 

pravda

Западот недвосмислено се труди што поскоро да направи Голема Албанија. Го даде сигналот дека во Македонија дојде погоден момент. Најдоа македонски квислинг – Заев кој по наредба на своите западни господари се одлучи да прифати платформа која потоа постепено ќе ја подели Македонија, пишува Емил Влајки за Правда.рс.

Заев, со својата лажна програма само успеа да добие некои гласачи, а кога ја обелодени својата вистинска, издајничка програма, македонскиот народ се дигна скоро во сите градови од земјата. Среќа што македонскиот претседател сфати за што се работи, па одби да му го даде мандатот на Заев и храбро одолеа на притисоците на Западот.

Во овој момент, Западот во Македонија ја прави тотално истата крвава работа која и ја направи и на Југославија, Босна и Херцеговина и Србија, предизвикува распад. Спремни се заради своите геостратешки интереси да предизвикваат нова војна на Балканот. Оваа криза во Македонија може и многу брзо да се реши, но тоа нема долго да трае.

По осамостојувањето на Косово и сите вчерашни вести и одлуки за Харадинај, Западот е длабоко вмешан во кризата во Македонија, а Вучиќ би требало да престане да им се поклонува на своите двајца господари, тоа и нему му е јасно. Ако оваа валкана игра продолжи, Албанците многу наскоро ќе имаат нови апетити, а може и да стигнат до Ниш.

Вучиќ има квалитети на голем државник и сега е краен момент да настапи одлучно. Да престане со јаловата реторика и да го осуди однесувањето на Западот во Македонија. Да издејствува формирање на српска заедница во општина Космет и да го натера Брисел и Вашингтон да престанат да ги поддржуваат големо- албанските амбиции.

Има начини како може тоа да го направи, само треба да се собере храброст и да се угледа на Иванов. Ако тоа не го стори, тешко на Србија.

(Емил Влајки за Правда.рс)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top